RK

Robert Krstevski

НАЈДОБРОТО ОД 2019

Explore Kriva Palanka | Истражи ја Крива Паланка

Animals | Животни

Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


     Време е да ја затвориме оваа година и да ги издвоиме најдобрите објави и фотографии. Во ова продолжение на Бложиќ ќе се навратиме на петнаесет објави кои предизвикаа најголем интерес во текот на изминатите дванаесет месеци како и на фотографиите кои дадоа посебен печат на самите објави. Со оглед на тоа што оваа година содржините на блогот беа најбројни (57 објави) во споредба со минатите години наместо десет ќе издвоиме петнаесет најкликани објави.


13/04/2018

 Објавата на годината, односно објавата која предизвика најголем интерес е токму Ѓаволешката карпа во Крива Паланка. За вистинитоста на сторијата околу карпата прочитајте во БЛОЖИЌ #13 - Вистината на Ѓаволешката карпа.


24/03/2018

Една мартовска сабота доловив неколку моменти од пазарниот ден во Крива Паланка. Фотографиите зачинети со текст се најдоа во „У субота, на пазар...“ | Крива Паланка. Објавата пак предизвика интерес и според бројот на кликнувања се наоѓа на второто место. 


16/09/2018

Вториот гостин во рубриката КП ликови го одбележа не само септември, а и вториот дел од годината. Писателката Исидора Јакимовска ја обопшти нејзината писателска дејност во последните пет години, односно од нејзиното првенче „Сѐ што премолчивме“ па до денес. Поддршката која вие  ја пруживте го искачува ова гостување на бронзеното место на годишната листа.


05/07/2018

Во јули излезе објавата која би била одговор кога би ме прашале да морам да изберам една објава од оваа година. Не дека ми е најомилена, туку некако најкомпактна и најцелосна ми изгледа. Експедицијата на селото Дивјанци застанува на четвртото место.


03/10/2018

Петорката на најчитани содржини ја затвора една од најмоќните објави оваа година  Исповедта на Крива Река.
Пролетното издание на објавата на 2017-та година, односно кривопаланечкото село Добровница оваа година застанува на шеста позиција. 


09/06/2018

Фотографиите направени при јунската посета на скопската Зоолошка градина го заземаат седмото место. 


04/03/2018
 Објавата со фотографии од снежна Крива Паланка е осмата најпопуларна објава за оваа година. 


25/02/2018

Во текот на 2018-та објавив две објави со фотографии од животните со девет животи - Cats Edition 10 и CATS // special edition (+best of...). Првата од овие две објави се позиционира на деветото место на годишната листа. 


26/08/2018

Кон крајот на август на блогот се појавија три објави поврзани со Осоговскиот манастир и соборот на 28-ми август. Првата објава од таа трилогија ја затвора десетката од оваа листа.  


14/02/2018

Приказната за бебето кое се родило на четиринаесетти февруари и изборот на неговото име е единаесетата најчитана објава за 2018-та.


15/07/2018

Стефан го проби ледот во рубриката КП ликови. Како прв гостин тогаш зборуваше за љубовта кон животните, а во овој Бложиќ ни ја раскажа животната приказна на Буба и Клапчо. Првото гостување во КП ликови застанува на место дванаесет.


06/01/2018

Приказната која го одбележа минатогодишниот Бложиќ се наредува во најпопуларните објави за оваа година.


07/08/2018

Објавата во која се обидовме заедно со Сара да ги „(фото)цитираме“ великаните од различни македонски полиња кои се опфатени во интервјуата на Јован Павловски во „Бев со нив“ исто така се наредува во најпопуларните објави за оваа година.


29/04/2018

Фотосесијата која ја затвори априлската роденденска седмица по повод четвртиот роденден на блогот ја затвора овогодишната листа најпопуларни објави за 2018-та.


27/05/2018
Како личен фаворит ја издвојувам објавата полна со чувства, а вие успеавте ли да ги почувствувате гледајќи ги фотографиите? [ White Horses | Бели коњи ]


ФОТОГРАФИИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2018-та: 











































































БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар

БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

No comments:

Post a Comment

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib