Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.



    2019! Првото нешто што ми доаѓа на памет - вчера ли бевме 2009?
Годината кога завршив основно и тргнав во средно. Си помислив на што од тој период сакам да притиснам REPLAY и веднаш се сетив. Тогаш новогодишните желби ми беа поврзани со училиштето. Се стремев да бидам одличен и да имам што е можно повеќе петки. Сакам повторно да се вратам на тие моменти и сам на себе да си се изнасмеам за непотребните грижи. Сакам да притиснам REPLAY на сите убави спомени и личности кои на овој или оној начин засекогаш си заминаа од мојот живот. Но, дали сакам да стиснам REPLAY на желбите кои ги имав тогаш? Искрено тие не би биле возможни денес. Годините минуваа, желбите се менуваа. Некои се остваруваа, некои не. Како растеш осознаваш дека некои неостварени желби и да биле остварени, не би те направиле среќен. Како што велат: „Ништо ограничено не би можело да го задоволи бесконечниот копнеж на човековата душа“.
Кога бев на факултет си посакував што поуспешна испитна сесија. И ми се исполнуваа желбите.
Оваа година Дедо Мраз ме праша:
- Сега кога дипломира, што сакаш сине?
- Да се вработам! - одговорив.
- Еве ти тогаш партиска книшка! - ми понуди Дедо Мраз.
- А може ли да се вработам без неа? - прашав разочарано.
- Извини сине, но таа желба is not available in your country! - ми порача дедото од Лапонија.
- Ќе може ли некако да ми се оствари? - прашав безнадежно.
И по десет минутно бркање во неговата голема торба ми извади една книшка, на неа пишуваше „ПАСОШ“ и ми одговори:
- Ова е вистинскиот подарок за тебе!

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!






БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар


БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib