Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


       Бионсе направи историја во септемврискиот Вог, а блогерката Елена Василевска овој декември на мојот блог.
Всушност,  септемврискиот број на списанието го красеше познатата пејачка со фотографии кои не беа направени од фотограф од тимот на Вог. 
Во ова декемвриско продолжение на Бложиќ, Елена Василевска ја прави истата историја на овој блог. Имено, ова е прва објава во која ниту една од фотографиите не е направена од мене. Запознајте ја блогерката преку нејзиното обраќање во овој Бложиќ и не заборавајте да го посетите нејзиниот блог www.shybutsecretlyfabulous.com
Насловната фотографија е дело на Јане Николоски (@iksolokin).

Здраво на сите!
   Јас сум Елена Василевска, 21-годишен студент по Англиски јазик и книжевност на ФЛФ, но ова се само дополнителни, небитни информации. Битното, и причината поради која сум дел од Бложиќ е мојот блог Shy but Secretly Fabulous, каде што пишувам за мода, музика, патувања, понекогаш за козметика (читај: 2,3 поста во сите 6 години што го водам блогот) и за се’ што ќе ми падне на памет. Низ годините, блогот има претрпено многу промени, од изглед (и лично мој, и негов) до структура и инспирација за постови, но секогаш движечката мотивација остана иста – Сакав да имам простор каде можам да пишувам за тоа што го сакам, како што сакам. И тоа и се случи. Денес, целам секој пост да биде претставување на различен дел од мојот карактер, па затоа велам „Ако некој сака да ме запознае подобро, само нека прочита неколку објави на блогот.“ 
Денес ќе ги споделам моите 5 омилени објави од 2018 година. Disclaimer: Се’ што објавувам на блогот ми е омилено, инаку нема ни да види бел ден. Затоа, беше многу тешко да се направи потесна селекција од  5. Објавите кои решив да ги споделам денес се тие што ги сметам за најмонументални  од целата 2018, објави коишто ме натерале навистина да размислам за тоа што го пишувам, или пак што ми ја разбудиле креативната страна.  Оваа година беше навистина поразлична, и за мене и за блогот. Дури, можам  да кажам дека 2018 беше година на, во фамозните зборови на Кајли Џенер, „само-пронаоѓање“.  Задоволна сум во тоа што го правам и каков ефект има врз луѓето. Во 2018 сфатив дека ја имам таа среќа да имам платформа која е моќна и која не сакам да биде залудно искористена. Се надевам дека тие што го читале блогот до сега ќе се согласат со мене, и hopefully ќе продолжат да го читаат. 
Ова се моите топ 5 објави од 2018 година:

Body Positivity & Dealing with Comparison

Photo credits: Angela Petrovska

Прв на листата е Body Positivity & Dealing with Comparison. Овој пост беше нешто тотално надвор од мојата зона на комфор, и еден којшто го пишував со месеци. Идејата да пишувам за самоувереност и body positivity дојде во период кога го немав ни едното ни другото, и знаев дека морам некако да го променам овој начин на размислување. Започнав пишувајќи во март за тоа што ме фрустрира и завршив во септември со давање на совет. Исто така сакав фотографиите да го прикажуваат тоа што направи да се чувствувам толку лошо на почетокот, и презадоволна сум со како го изведовме тоа.


Saudade

Photo credits: Jane Nikoloski
Понекогаш најдобрите мисли доаѓаат на виделина кога најмалку ги очекуваш. Се сеќавам дека откако ги направивме овие фотографии со Јане (@iksolokin), немав никаква врска за што сакам да пишувам. Кај мене така иде тоа, ако прво дојде идејата за текст, фотографиите ги координирам со тоа, а кога прво се сликаат фотографиите, се мачам дур да најдам соодветна идеја за што да пишувам. За овој пост, бидејќи многу ми беа мили самите слики, не сакав да напишам било што. Па затоа, си седнав пред лаптоп, си пуштив чил музиче, почнав да ги редам фотографиите на блог и гледајќи ги го сфатив тоа што беше очигледно од почеток – сликавме на локација каде го поминав моето детство, започни со тоа. И како што почна да тече мислата, се сетив на прекрасниот португалски збор Saudade и се’ се вклопи совршено.




Bratislava & Vienna on Film


Photo credits: Elena Vasilevska

Третиот пост кој би го одвоила е Bratislava & Vienna On Film, и како што кажува и самиот наслов, тука се собрани сите (успешни) слики фотографирани на филм од тоа патување. Сликавме со евтино апартче за една употреба, и немавме никакви очекувања за дали воопшто ќе бидат добри сликите, но откако ги развивме и ги погледнавме, јас се заљубив во тоа како испаднаа.  Секогаш сум била голем фан на аналогна фотографија, и ова беше тоа што ми требаше за навистина да добијам желба да се испробам во фотографија на филм.


Home

Photo credits: Angela Petrovska
Јас и Ангела (@petrovskaangela) ја имавме Универзална Сала како можна локација за сликање со месеци, но никогаш не успевавме да се договориме. Па, кога еден ден Ангела ми се јави со веста дека добила дозвола да слика внатре, знаев дека мора да ја искористиме оваа шанса. Универзална Сала секогаш ќе ја паметам како место кое ги носи сите мои детски спомени, и многу ми е мило што баш во таа објава и носам фустан од колекцијата „Дома“ на Ирина Тошева, една од моите омилени дизајнерки. Самата порака на колекцијата и локацијата беа совршен пар, а јас се чувствував како дете на кое конечно му се оствари желбата да трча низ редовите виолетови фотељи.


Let's talk about the A word

Photo credits: Jane Nikoloski

И последниот пост кој знаев уште пред да го објавам дека ќе биде на оваа листа е Let’s Talk About the A Word. Инспирирана oд прекрасниот фидбек кој го добив на постот за body positivity, знаев дека тоа што го пишувам навистина прави разлика. Па, кога добив предлог да пишувам за анксиозност, решив дека  треба да ги тргнам настрана моите несигурности и да напишам нешто што би било лесно разбирливо за сите, без разлика дали сте запознаени со анксиозноста како ментално растројство или не. Мило ми е што го направив тоа, добив куп пораки од луѓе кои се чувствуваат така, но немале со кого да разговараат за тоа. Во тој момент сфатив дека тоа што го пишувам на блогот не е земено здраво за готово, и тоа ме прави пресреќна!

Прочитајте повеќе на  www.shybutsecretlyfabulous.com
Инстаграм: @vasilevska_elena

БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар

БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib