Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.



Во средината на месец јули ја започнавме рубриката КП ликови. Прв гостин беше дваесет и едно годишниот Стефан Станоевски кој зборуваше за љубовта кон животните. Ако немате прочитано, повелете:


КП ликови: Стефан Станоевски - „Кога имаш куче, никогаш не си сам.“





    Тогаш Стефан накратко ја почна темата за кучињата кои најчесто можеа да се видат пред влезот на My market во Крива Паланка. 

Денес во различни делови од денот кучињата може да се сретнат на повеќе локации во градот. Во овој Бложиќ прочитајте го обраќањето на Стефан во врска со овие кучиња и почитувајте го неговиот апел.



Б У Б А



Стефан: Буба е симболот на Крива Паланка. За неа многумина не знаат дека е куче кое зборува со поглед. Зборува со  тие преубави, мили очи, полни со љубов и спремни да ја поделат со секој човек.


Стефан: Јас Буба ја знам од кога беше само неколку месеци стара. Според мене испадна храбро куче кое се избори да преживее во град каде не се многу посакувани кучињата. Уште кога ќе ме здогледаше на неколку метри растојание, радосно ќе трчаше по мене, а ништо друго не можеше да препознаеш во неа освен искрена милосливост.


 Стефан: Буба порасна, наполни скоро две години и првпат стана мајка на пет мали прекрасни кученца. За среќа знаеше да ги сокрие на добро место па затоа беа добро заштитени, а и секако таа беше грижлива мајка.
Што стана со нејзините први кученца? Првите кученца ги хранев јас. Од нив две успеав да вдомам, две беа земени не знам од кој, ама се надевам со добра намера за чување.



Стефан: Ми беше жал за Буба зашто знаев дека нема ова да ие прво и последно кучење. По една година повторно роди околу пет-шест кученца, но сега на небезбедна локација т.е безбедна се' додека не проодат. Јас објавував во различни групи да ги вдомат кученцата, но никој не сакаше да ги вдоми затоа што беа женски.  Додека им  барав домови, едно по едно почнаа да погинуваат од несовесни возачи. Дали случајно или не, тоа нека остане на нивна чест.

К Л А П Ч О


Стефан: Од второто кучење на Буба остана едно само кученце, кафеавко и храбро како мајка си Буба. Останаа на улица нераздвојни со мајка си. Кучето е женско, но поради тоа што во почетокот мислевме дека е машко, го нарекувавме Клапчо и така и' остана тоа име.


 Стефан: Порасна, стана возрасно. Сега е скоро две години и како што кажав храбро куче како мајка и Буба. Знае да се снајде насекаде по градот иако е помала. Кучето и ден денес нема доверба во луѓето, а за тоа се виновни самите граѓани. Всушност, тоа истовремено е и негативна, и позитивна страна.


Стефан: Пролетот во 2018 година беа заловени Буба и Клапчо од шинтери и однесени надвор од Крива Паланка. Не сакам да навлегувам од кого, што и како, но само знам дека се лесно фатени бидејки се мирни, особено Буба која се гали со секој човек. 


Стефан: Двете кучиња ги вративме во Паланка на не така лесен начин. Сега се со закон на улица, со тоа што не смеат да се убијат или пак дислоцираат од градот. Имаат така наречена „менѓуша со број“ дека се улични кучиња. Со тоа се СТЕРИЛИЗИРАНИ и спасени од понатамошните маки да не се мачат по улиците со мали кучиња.



Стефан: За жал, Клапчо не стана мајка никогаш.


Стефан: Ова се Буба и нејзината ќерка Клапчо, симбол на Крива Паланка веќе неколку години.Тие се многу дружељубиви и сакаат возвратена љубов од човек. Сакам да апелирам дека Буба и Клапчо:

 - НЕ СЕ  ОПАСНИ НИТУ ЗА ДЕЦА, НИТУ ЗА ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ!

- НАХРАНЕТЕ ГИ, ПОГАЛЕТЕ ГИ, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА ЉУБОВТА ОД КУЧЕ Е НАЈИСКРЕНО НЕШТО!

- ПАЛАНЧАНИ, ДА ГИ ЧУВАМЕ И САКАМЕ БУБА И КЛАПЧО, ДА НИ ГО КРАСАТ ГРАДОТ!




БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар

БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib