БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).
Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.
Време е да ја затвориме оваа година и да ги издвоиме најдобрите објави и фотографии. Во ова продолжение на Бложиќ ќе се навратиме на петнаесет објави кои предизвикаа најголем интерес во текот на изминатите дванаесет месеци како и на фотографиите кои дадоа посебен печат на самите објави. Со оглед на тоа што оваа година содржините на блогот беа најбројни (57 објави) во споредба со минатите години наместо десет ќе издвоиме петнаесет најкликани објави.
Една мартовска сабота доловив неколку моменти од пазарниот ден во Крива Паланка. Фотографиите зачинети со текст се најдоа во „У субота, на пазар...“ | Крива Паланка. Објавата пак предизвика интерес и според бројот на кликнувања се наоѓа на второто место.
Вториот гостин во рубриката КП ликови го одбележа не само септември, а и вториот дел од годината. Писателката Исидора Јакимовска ја обопшти нејзината писателска дејност во последните пет години, односно од нејзиното првенче „Сѐ што премолчивме“ па до денес. Поддршката која вие ја пруживте го искачува ова гостување на бронзеното место на годишната листа.
Во јули излезе објавата која би била одговор кога би ме прашале да морам да изберам една објава од оваа година. Не дека ми е најомилена, туку некако најкомпактна и најцелосна ми изгледа. Експедицијата на селото Дивјанци застанува на четвртото место.
Пролетното издание на објавата на 2017-та година, односно кривопаланечкото село Добровница оваа година застанува на шеста позиција.
Фотографиите направени при јунската посета на скопската Зоолошка градина го заземаат седмото место.
Објавата со фотографии од снежна Крива Паланка е осмата најпопуларна објава за оваа година.
Кон крајот на август на блогот се појавија три објави поврзани со Осоговскиот манастир и соборот на 28-ми август. Првата објава од таа трилогија ја затвора десетката од оваа листа.
Приказната за бебето кое се родило на четиринаесетти февруари и изборот на неговото име е единаесетата најчитана објава за 2018-та.
Стефан го проби ледот во рубриката КП ликови. Како прв гостин тогаш зборуваше за љубовта кон животните, а во овој Бложиќ ни ја раскажа животната приказна на Буба и Клапчо. Првото гостување во КП ликови застанува на место дванаесет.
Приказната која го одбележа минатогодишниот Бложиќ се наредува во најпопуларните објави за оваа година.
Објавата во која се обидовме заедно со Сара да ги „(фото)цитираме“ великаните од различни македонски полиња кои се опфатени во интервјуата на Јован Павловски во „Бев со нив“ исто така се наредува во најпопуларните објави за оваа година.
Фотосесијата која ја затвори априлската роденденска седмица по повод четвртиот роденден на блогот ја затвора овогодишната листа најпопуларни објави за 2018-та.
Како личен фаворит ја издвојувам објавата полна со чувства, а вие успеавте ли да ги почувствувате гледајќи ги фотографиите? [ White Horses | Бели коњи ]
ФОТОГРАФИИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2018-та:
БЛОЖИЌ 2018/2019