Post Page Advertisement [Top]


Сабота е пазарен ден за паланчани. 
Тоа е ден кога дедовците и бабите ќе ги фатат за рака своите внучиња и ќе им купат тоа што сакаат. Ден кога пензионерите се среќаваат со некогашните колеги и се присетуваат на југословенската „златна ера“ (најчесто на миговите поминати во фабриката Карпош). Несреќен ден за луѓето во средните години, кои кон крајот на денот по завршувањето на работната смена, изморени одат од тезга на тезга  надевајќи се дека ќе најдат пониски цени бидејќи и сами не знаат на колку саботи ќе треба да ја поделат и така ниската плата. Ретко ќе сретнеш некој помлад на пазарниот ден, бидејќи е викенд, освен за младите таксисти и продавачите кои од најраните часови ги поставаат тезгите. Децата најчесто или се среќни ако родителите или дедовците и бабите им купиле тоа што сакаат или се тажни бидејќи не им е купено посакуваното нешто, а деца како деца - секогаш ќе видат нешто што ќе посакаат да го поседуваат.
Може да заклучиме дека саботата е традиционален ден за постарите генерации паланчани кои за секое нешто од кое имале потреба го наоѓале „У субота, на пазар...“ па дури и љубов. Многу саботи од годините на минатиот век родиле љубов токму на пазарот. И денес саботите раѓаат љубов, но место на раѓање се кафулињата, не пазарот.



















 RELATED POSTS / ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ :


 Winter in Kriva Palanka / Зима во Крива Паланка 2018


 Санкање во Баглак, Крива Паланка / Sledding in Baglak, Kriva Palanka




 БЛОЖИЌ #9 - Најстудената зима во мојот живот


 WINTER 2018


 FOGGY BAGLAK



 БЛОЖИЌ #1 - Првиот снег





Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib