ТАТКОТО: Ало
куме, како си? Се јавувам да ти кажам дека станавме родители, па како што е редот треба да смислиш име за
нашиот син.
(Кумот изразува честитки.)
Благодарам, благодарам, во седум часот наутро се роди
малиот. И жена ми е добра, и тој е добар фала му на Бога. Немам некои посебни
желби во врска со името, оставам на твојата волја куме. Те очекуваме вечерва.
Пријатно, убав ден.
(По неколку часа,
кумот пристигнува во домот на таткото.)
КУМОТ: Нека е жив и здрав малиот ангел, да ги слуша
родителите и да се гордеете со него.
ТАТКОТО: Ти благодарам куме, да си жив и здрав. Повели,
ела на мекици.
(Кумот се поздравува со новопечените баби и седнува на масата.)
КУМОТ: Како е мајката, кога ќе ја пуштат од болница?
TATКОTO: Добра е фала му на Господ, ќе ја пуштат
деновиве.
БАБАTA (мајката на новопечената мајка): Злато бабино, да
видите колку е слатко малото ангелче, да го помочаат стари баби. Личи повеќе на
татко му.
КУМОТ : Видовме новопечена бабо, видовме. Ист како татко
му.
БАБАTA (мајката на новопечената мајка): Кај си го видел?
Зарем не знаеш дека пред четириесет дена никој освен најблиските не смее да го
види бебенцето, ќе го урочите.
КУМОТ: Ах мори бабо, вашиот зет го сликал бебето и го
објавил и на фејсбук и на инстаграм, врие од честитки.
БАБАTA (мајката на новопечената мајка): Aх бе зете,
сфаќам дека си радосен, ама детето петпати не вдишало воздух ти го ставаш на
фејзбуци, имстаграми...
СВЕКРВАТА: Во право си сваќо и мене ме сретна соседката
Петкана, вели дека го видела внук ми на телефонот, нејзиниот внук и' го
покажал. Ми вика дека било многу убаво бебе. И' велам немој да го урочиш,
плукни си во прсти. Денешниве млади ништо не почитуваат!
ТАТКОТО: Е доста бе, доста со тие бабини деветини. Никој
ништо не му може додека сум јас жив, какви уроци какви глупости. Туку куме, да
преминеме на главното, кои имиња ги предлагаш за нашиот син ?
КУМОТ: Со оглед на тоа што детето дојде на свет на овој
убав четиринаесетти февруарски ден, решив да не ве мачам многу и да ви понудам
две имиња. Да си слави и роденден и именден во еден ист ден. Отвори го пликот и
прочитај.
ТАТКОТО: Ајде да видиме.
(Го отвoра пликот и чита.)
„ВАЛЕНТИН, ТРИФУН“... Само две?
КУМОТ: Да, не сакав да ве мачам со повеќе па ги напишав
само овие две.
ТАТКОТО: (малку збунет) E, па не знам, ти што велиш
куме? Валентин или Трифун?
КУМОТ: Не знам, убав ден е денес, некои празнуваат ден
на љубовта, други пак ден на виното. Убави имиња се и двете и оставам на вас да
одлучите. Разговарај со жена ти, одлучете и ми јавете. Ќе дојдам повторно кога
ќе го донесете малиот дома, сега мора да одам. Пријатна вечер.
ТАТКОТО: Пријатна вечер куме, ти благодариме, поздрави
ја и кумата. Ве чекаме на гости кога ќе ги пуштат сопругата и малиот од
болница, до тогаш ќе одлучиме за името.
(Кумот заминува.)
СВЕКРВАТА: Синко, какво е ова име Валентин? Денес е
Свети Трифун, каков Валентин? Кумот да не е од некоја друга вера?
ТАТКОТО: Не бе мамо, денес е и празникот на љубовта.
СВЕКРВАТА: Ние сме си православни! Никакви Валентини,
никакви празници на љубовџии! Детето да си го крстите Трифун, убаво и
православно име. Ќе си има ем именден, ем роденден во ист ден.
ТАТКОТО: Мамо двете имиња се православни, тоа не е
никаков проблем.
СВЕКРВАТА: Aко го крстиме Валентин ќе биде љубовџија, ќе
трчаат девојки по него и на крај сам ќе заврши. Зарем сакаш утре соседите да го
озборуваат?
БАБАTA (мајката на новопечената мајка): Сваќо, зетот
беше мал ама ти сигурно го знаеш оној Трифун што работеше во килимарата па го
отпуштија бидејќи целиот свој живот си беше пијан, си умре од тој пуст порок.
Зарем и на нашето внуче да му скроиме таква судбина?
СВЕКРВАТА: Го знам сваќо, но зарем и ти ќе си ја газиш
верата? Нели гледаш каква ни е државата,
не зачувуваме ништо од нашето време, за пуста Европа и газот ќе си го
продадеме. Во моето семејство сите имаме христијански православни имиња, не ќе
дозволам да се прекрши традицијата.
ТАТКОТО: Мамо ти кажав дека двете имиња се православни,
не е тоа проблем. Туку веќе е доцна да си легнеме па утре ќе одиме во болница
сите заедно и ќе одлучиме како ќе се вика нашето ангелче.
БАБАTA (мајката на новопечената мајка): Јас сега да си
заминам дома. Денеска цел ден бев во
болница до ќерка ми, го видов бабиното внученце. Вие одете утре изутрина, а јас
ќе поминам попладнето. Добра ноќ.
(Утредента свекрвата и таткото одат во болница.)
TАТКОТО: Добро утро жено, како си? Каде е нашето
ангелче?
MAJKATA: Валентајн го однесе сестрата, пред малку го
нахранив.
ТАТКОТО: Како, како?
Валентајн слушнав?
MAJKATA: Па кога ме прашаа како да го запишат им реков
Валентајн. Вчера кога се роди беше празникот на љубовта, а тоа мало суштество е
плод на нашата љубов. Вие како сте?
ТАТКОТО: Валентајн? Мојот син се вика Валентајн?! Како
така одлучи без мое одобрение? Кумот беше сношти кај нас ни предложи две имиња
Валентин или Трифун, мислев сите заедно да одлучиме, но ти....
СВЕКРВАТА: Снао, ах мори снао! Како можеше да го
прекршиш аберот на кумот? Зборот на кумот не бива да се прекрши, ах... Како
можеше да избереш такво американско име Валентајн? Каде е христијанското, каде
е македонското во тебе? Ах, традицијата стара со години ја прекрши...
МАЈКАТА: Е добро де, па и ти претеруваш, зарем нема да
го сакате ако се вика Валентајн?
СВЕКРВАТА: Слушај снао ваму, ти попуштав ама преку ова
не можам да поминам! Туку знам што да правам, да го најдам Нимиц додека е во
Македонија. Само тој може да ми помогне да го променам името на внук ми.
(Излегува од болничката соба.)
ТАТКОТО: (довикува) Еј мамо, не заборавај да ги прашаш
соседите што мислат во врска со името на син ми. Знаеш дека Нимиц бара и тие да
го прифатат името, а очигледно дека и тебе ти е поважно нивното мислење...
(кон жена си) Не грижи се мила жено. Не мисли на мајка ми, ќе и' помине, остави ја. Нека ни е жив и здрав Валентајн и да ни го краси
животот додека сме живи. Ве сакам.
МАЈКАТА: И јас ве сакам.
(КРАЈ)
Автор: Роберт Крстевски

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ :