RK

Robert Krstevski

НАЈДОБРОТО ОД 2019

Explore Kriva Palanka | Истражи ја Крива Паланка

Animals | Животни

Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.





Објавата што најмногу ве заинтригира во текот на оваа година е токму „Ѓаволешката карпа во Крива Паланка“.
 Доколку ја немате прочитано, повелете:

Ѓаволешката карпа во Крива Паланка, Македонија

   Се прашувавте дали сторијата е вистинита или не бидејќи ја објавив токму на петок  13-ти, затоа да се вратиме на тој ден. Се разбудив, беше 13-ти април, петок. Почнав да размислувам да напишам некоја објава во врска со тоа. И така спонтано ми дојде на ум сторијата за карпата која покојниот дедо ми ја кажуваше. Се двоумев дали да ја објавам или не, но сепак се решив да ја напишам без да споменувам имиња и конкретни извори. 



  Сите кои се интересиравте за валидноста на сторијата, ви кажав дека не сум ја измислил и дека тоа што го напишав ги рефлектира кажувањата на дедо ми.  Всушност, тоа е вистината. Според зборовите на дедо ми, конкретниот настан се случил на таткото на неговата мајка, односно на неговиот дедо. Уште кога бевме мали, дедо ни кажуваше за случката со оваа карпа и кога одевме со него во селото Дивјанци (Градец, Крива Паланка), каде и се наоѓа оваа карпа, секогаш го теравме да неводи кај „Ѓаволешката“ карпа.



 Во продолжение можете да го погледнете кратко  видео како се стигнува до самата карпа. 
Исто така, во видеото можете да го видите и дабот за кој пишував во минатогодишниот Бложиќ. [01:22 – 01:35 мин]. Доколку ја  немате прочитано објавата, повелете:
БЛОЖИЌ #4 - Дабот наспроти манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

  Како што напишав и тогаш, по некоја случајност пред многу години дедо ми имал можност да го исече дабот. Меѓутоа, луѓето од околината го посоветувале да не го прави тоа бидејќи дабот е раскошен и се наоѓа токму наспроти  Осоговскиот манастир. Според зборовите на дедо ми, дрвото е старо многу години и кога луѓето поминувале низ патот, којшто е веднаш до дабот, погледнувајќи кон манастирот се помолувале за убав ден.

  В   И   Д   Е   О :



БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар

БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

No comments:

Post a Comment

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib