Post Page Advertisement [Top]


БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2019).  

Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


      Оваа година БЛОЖИЌ започнува порано и ќе трае скоро месец дена. Минатата година предбожиќното блогирање започна на 20-ти декември и заврши токму на Божиќ. Во тој период точно десет објави се појавија на овој блог. Оваа година продолжуваме од десетката нагоре, па затоа оваа објава е всушност прва за оваа сезона, а единаесета во целокупното предбожиќно блогирање.

     Како што знаете јас сум љубител на животните, па така да и 2018 не изостана кога станува збор за содржини поврзани со самите нив. Во јуни 2018 ја посетив Зоолошката градина во Скопје и направив објава за тоа  [Во ЗООлошка градина Скопје | At the ZOO Skopje], но тогаш сé уште не беа пристигнати слониците Дуња и Даела. Слоновите ми се едни од најомилените животни и токму затоа со нив го започнувам овогодишниот БЛОЖИЌ.

    Најпрвин слушнете ја емотивната приказна на овие две најдобри другарки:



    Во продолжение можете да ги видите фотографиите од главната атракција на скопската Зоолошка градина. Фотографиите ги направив кон крајот на октомври, месец дена по нивното пристигнување. За крај на оваа објава присетете се на сите содржини од 2018-та кои ги слават животните. Уживајте!




















ЖИВОТНИ 2018:


Годината ја почнавме со б(л)ожиќната фотосесија на животните со девет животи, односно мачките. 
БЛОЖИЌ #8 - Мачки
Како што започна 2018 во духот на мачките, така и продолжи и во февруари со Cats Edition 10.
CATS EDITION 10 
Кон крајот на мај излезе една од моите најомилени објави за оваа година. 
Како што пишува и во самата објава: „Овие фотографии немаат потреба од опис, само обидете се да ги почувствувате“.
WHITE HORSES | БЕЛИ КОЊИ
Како што споменав погоре, во јуни излезе објавата со фотографии од посетата на скопската Зоолошка градина.
Во ЗООлошка градина Скопје | At ZOO Skopje


Кон крајот на јуни се појавија уште две објави со фотографии од животни. 
       Доколку не ја знаете приказната како настанала желката, можете да ја  прочитате во објавата посветена токму на ова животно.
Turtle | Желка
Последната објава од месецот го заокружи јуни како „месец на животните“ бидејќи и таа беше посветена на едно друго животно - магарето.
Donkey | Магаре

Во јули првиот гостин во рубриката КП ликови - Стефан Станоевски говореше за љубовта кон животните, поточно домашните миленици.
КП ликови - Стефан Станоевски: „Кога имаш куче, никогаш не си сам“

Во септември излезе последната објава за оваа година со хаштаг #животни и тоа беше специјално издание со нови фотографии од мачки како и најдобрите сто фотографии од претходните десет изданија.
CATS // special edition (+best of...)

БЛОЖИЌ 2018/2019 


БЛОЖИЌ #17 - Елена Василевска: „2018-та беше година на само-пронаоѓање“

БЛОЖИЌ #16 - Пред X Потоа


БЛОЖИЌ #15 - Данбо #danbomacedonia


БЛОЖИЌ #13 - Вистината за Ѓаволешката карпа 
во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #12 - За режисерот од Крива Паланка чиј
 филм бил југословенски кандидат за Оскар

БЛОЖИЌ #11 - Дуња и Даела 🐘🐘

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib