Post Page Advertisement [Top]

  БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


2021-ва година беше година од која многу се очекуваше. Дали ги исполни очекувањата е прашање кое секој може да го одговори од индивидуална перспектива.

Во ова продолжение на Бложиќ, ги сумираме објавите кои најмногу допреа до вас, како и фотографиите кои ја одбележаа годинава.


1. БЛОЖИЌ #47 – Божиќ со Бојана Николовска

Стјуардесата која лани беше гостинка токму на Божиќ ја носи најпрегледуваната објава на годината.

07/01/2021


2. „НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА“ – изложба во Крива Паланка

Настанот кој се случи по повод отворањето на Европската куќа во Крива Паланка е втората најкликана објава за 2021-ва година.

20/02/2021

3. The Countryside: Мариа Дуда: „Љубовта кон животните е убава карма“

Посетата на ранчот The Countryside на Мариа Дуда го одбележа крајот на годината барем во историјата на овој блог.

06/11/2021


4. КП ликовиЛука Стојановски – „Скејтот е необичен спорт со кој многу луѓе не се запознаени

Интервјуто со Лука во КП ликови ја оформува четворката најпрегледувани објави.

18/04/2021


5. #МотоЉубов со Моника и Дарко

Моника и Дарко се добропознат пар за овој блог. И оваа година тие се дел од најпосетуваните содржини.

11/06/2021


6. Cats Edition 12

Годинава мачките беа доминантни, а првото издание со фотографии од мачки за 2021-ва е шестата објава која предизвика најголем интерес кај публиката.

08/04/2021


7. КП артКирила Цветковска – „Професионализираноста на уметноста е еден вид на пандемија во денешниот свет“

Чест и задоволство ми е вакво интервју да го краси блогот. Ти благодарам Кирила.

21/03/2021


8. Есен | Autumn 2021

Колекцијата есенски фотографии си го најде своето место на листата најпосетувани објави.

22/11/2021


9. Cats Edition 13

Октомвриската колекција со фотографии чиј објект се токму мачињата собра доволно кликови да се најде на оваа листа.

23/10/2021


10. Dogs of Kriva Palanka

Кучињата од Крива Паланка ја оформуваат десетката објави кои ја одбележаа годинава зад нас.

24/09/2021


11. БЛОЖИЌ #56 – Божиќни путер колачиња со Ана

Уште една Бложиќ објава си го наоѓа своето место на оваа листа.

05/01/2021

12. Како да направите мартинка?

Оваа мартовска објава, доволно го пробуди љубопитството кај вас за да се најде наведена тука.

01/03/2021


13. ИЛИНА – 7 лета детство

Фотографиите по повод седмиот роденден на Илина се наоѓаат исто така на листата најдобри за 2021-ва.

26/08/2021


14. Топ 10 книги со Бојан Јакимовски

Листата книги на Бојан се наоѓа на листава, исто така.

17/07/2021


15. Р01„Гала-Дали“ – Кармен Доминго (Антолог)

Со книга ја и завршуваме листата најпосетувани објави за 2021-ва.

04/06/2021


Како специјална објава која не се наоѓа на листава, би ја издвоил следната:

малечко цицалче


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib