Post Page Advertisement [Top]

   БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.




Б:  Добро, ова човек да се чуди - букви ли се, бројки ли се?... Требало малку повеќе да се потрудиш.

Д: Е, така е жено кога украсувам во последен момент. Немам трпение, ниту намера да ги поправам. Јас сум будала што се нафатив да се занимавам со ова. Што ќе ни се нам овие новогодишни глупости?

Б: Нели заради внуците украсуваме? Што ќе речат децата кога ќе дојдат утре да ни ја честитаат Новата година?

Д: Тие би рекле: „Фрлете тоа во ѓубре. Ние ќе ви купиме и нова елка и нови лампиони.“  Мене не ми се потребни ниту овие, а не пак нови.

Б: Се сеќаваш колку многу се трудеше околу новогодишното украсување кога тие беа мали. Ја украсувавме елката многу порано, купувавме секоја година различни сијалички - светеа, трепкаа и прегрејуваа секоја година.

Д:  Колку многу пари имаме потрошено за сијалички...ццц...

Б: Се сеќаваш на овој Дедо Мраз?

Д: Како не, колку скапо го плативме...




Б: Најубав украс ни беше на нашата прва дочекана Нова година во новата куќа.

Д: Животите ни поминаа, ти сè уште ја нарекуваш „новата“ куќа...

Б: И секоја година е „нова“, но времето не ги тормози спомените со бројки. Тие се секогаш во неговата бесконечност.






Д: Токму така. Се сеќавам, ти до толку ме малтретираше околу украсувањето што правев дури и закачувалки од конец за лампиони. Оти нели децата беа мали, ги кинеа лампионите и не можеа да се закачат на елката.

Б: Е, да не даваш пари за нови. Цел живот се жалиш многу пари фрламе за глупости како новогодишни украсувања и не знам ти што...

Д: Зарем не е вистина? Секаков вид лампиони, секоја година по нешто ново да се купи, светилки, Дедо Мразовци, тие светкавите глупости...

Б: Да, де. Но, зарем тоа не вредеше за радоста на децата?

Д: Вредеше, жено, вредеше. Вредеше целиот живот за децата.

Б: Оваа елка целиот живот ни го обележа, но мислам треба да си купиме нова. На внуците не им е интересна…

Д: Што? Јас пари за нова елка не давам. Си имаме, што ќе ни е и оваа, а не па уште една...

Б: Ама знаеш какви убави и модерни има сега...

Д: Ти кажав, не ме интересира. Остави ме да празнувам сега, да си пинам малку.




Б: Чекај, заборавив да го постелам новогодишното чаршафче на маса, што го купив вчера...

Д: Но, оваа година за Нова година, нели ништо немаше да купуваш? (крај).

 

пс. Среќна Нова 2022 година!

Автор: Роберт Крстевски



ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #65 - Прва награда: Јасмина Станимировиќ

БЛОЖИЌ #64 - Втора награда: Мила Виларова

БЛОЖИЌ #63 - Трета награда: Сања Стојанова

БЛОЖИЌ #62 - Сите книги од Фредрик Бакман!
БЛОЖИЌ #61 - Божиќ со Сара Костадиновска
БЛОЖИЌ #60 - Артист Бенд: „Очекувајте нешто ново за Божиќ“
БЛОЖИЌ #59 - Новогодишниот базар од моја перспектива

БЛОЖИЌ #58 - НО,ОВАА година
БЛОЖИЌ #57 - Најдоброто од 2021 

БЛОЖИЌ #56 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ (& Secret Santa) со Елена и Стефан

БЛОЖИЌ #55 - Данбо на Новогодишниот базар во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #54 - Помеѓу фантазијата и трилерот со Марија Ралповска

БЛОЖИЌ #53 - Пред x Потоа

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib