Post Page Advertisement [Top]

    БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.




Минатата седмица ја редефинираше Крива Паланка кога станува збор за музичките случувања во градот. Новогодишниот базар во период од 27-30 декември вклучуваше музичка програма со многу македонски изведувачи и како шлаг на тортата беше популарната ѕвезда на Гранд – Исак Шабановиќ.

Јас присуствував на сите вечери, во бекстејџ и во публика и во овој пост ќе ги прочитате сите мои впечатоци од настаните.




Прво, ќе кажам дека многу ми е мило што акцентот беше на македонската музика и не само колку да биде застапена, туку изведувачи со докажани хитови и публика која ги знае и ужива пеејќи ги.


Генерално за програмите на првите три вечери, мислам дека први требаше да настапуваат раперите бидејќи најмладите нив ги очекуваа најмногу и ги зафаќаа првите редови уште од почетокот на концертите, а оние што ги отвораа концертите имаат послична публика со оние изведувачи кои ги затвораа вечерите. И така првите изведувачи на вечерта нема баш најсоодветна публика пред нив за да можат да ја доживеат најдобро повратната реакција која ја заслужуваа бидејќи сите од нив главно пееја на живо.


Имаше и изведувачи што пееја делумно на живо, помалку или повеќе на плејбек, но со тоа само си го убија супер приемот кој можеа да го имат кај публиката бидејќи живото пеење и повратната реакција се магијата на ваквите настани.


Ми беше интересно и да го следам однесувањето на пејачите кон публиката и фановите. Повеќето од нив (не сите) беа расположени да се фотографираат со секој што ќе посака, но имаше и такви кои не можеа да излезат на крај бидејќи оправдано имаше премногу деца кои бараат селфиња - а тоа беа Два Бона. Она што беше Врчак во 2000-те, Слаткар во 2010-те, тоа се Два Бона сега – тие се водечката сила во македонската музика последните неколку години. И тука баш ми е криво што Пајак и Јован не излегоа од страната каде што ги чекаа фановите бидејќи дечките имаа супер прием и многу фанови кои ги чекаат да се фотографираат со нив. Вредеше таа еуфорија да се забележи, како што ја снимив хистеријата за Два Бона и Insertakick. Елена Велевска исто така имаше супер однос кон обожавателите и испочитува секој кој сакаше да се фотографира со неа.


Очекувано, третата вечер беше епицентарот со Исак Шабановиќ кој е талентиран и харизматичен, атмосферата беше на ниво и звучеа сите познати Ex Yu рок хитови.


Четвртата и последна вечер имаше голем товар и се очекуваше да падне во сенка на претходната. Дури јас самиот си мислев дека ќе се вратам дома порано, нема да останам до крај. И се чудевме зошто баш Brass Brothers се оставени за крај. Секоја чест за Слаткар, Дац и Александар, но изненадувањето не само на вечерта, а и за сите останати вечери беа токму Brass Brothers. Тие направија неверојатна атмосфера и го затворија настанот како што доликуваше. Заслужено им припадна честа да бидат последни.


За Владо Јаневски и Нокаут нема потреба да се зборува, си имаат докажана публика која ужива во нивните песни. Владо не ја испеа „Што и да е ќе помине“, Нокаут не ја исполнија  „Добро утро будење“ (омилени ми се овие две песни од наведените изведувачи), Слаткар ги акцентираше повеќе поновите песни, но благодарни сме за FM“, „Да полетам“ и малото делче од „Сара“.


Целосни изведби на „Евергрин“ и „Црно Тиквешко“ од Владо Јаневски, како и делчиња од атмосферата на настапите на сите изведувачи, ќе најдете на инстаграм профилот @gradotsovkusnasimit (feed & highlights).





Јас уживав комплетно сите вечери, следејќи ги настаните од различни перспективи. И верувам дека цела Крива Паланка уживаше.


И за крај, нема како да се заврши објавата без да се искажат благодарности на организаторот на сето ова, а тоа е секако градоначалникот Сашко Митовски.


Среќни празници

Роберт


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #65 - Прва награда: Јасмина Станимировиќ

БЛОЖИЌ #64 - Втора награда: Мила Виларова

БЛОЖИЌ #63 - Трета награда: Сања Стојанова

БЛОЖИЌ #62 - Сите книги од Фредрик Бакман!
БЛОЖИЌ #61 - Божиќ со Сара Костадиновска
БЛОЖИЌ #60 - Артист Бенд: „Очекувајте нешто ново за Божиќ“
БЛОЖИЌ #59 - Новогодишниот базар од моја перспектива

БЛОЖИЌ #58 - НО,ОВАА година
БЛОЖИЌ #57 - Најдоброто од 2021 

БЛОЖИЌ #56 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ (& Secret Santa) со Елена и Стефан

БЛОЖИЌ #55 - Данбо на Новогодишниот базар во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #54 - Помеѓу фантазијата и трилерот со Марија Ралповска

БЛОЖИЌ #53 - Пред x Потоа


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib