Post Page Advertisement [Top]

  БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


ПОВЕЌЕ ЗА КОНКУРСОТ ЌЕ ДОЗНАЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:

КОНКУРС: „И пораснатите деца пишуваат писма до Дедо Мраз“

 

ТРЕТА НАГРАДА:


Драг Дедо Мраз,

 

Охх, колку само ги очекував овие пет минути слобода за да го започнам писмото до тебе.

И ете ме, седната со празен лист и молив (што патем успеав да го позајмам од децата) започнувам со мојата листа желби.

Мајки... Секогаш имаме по некоја нова желба, зарем не?!

Но, прво да ти кажам дека сум ти лута за лани!!!

Си ме заборавил или прескокнал, но лутината си стои!

Годинава ти давам шанса за поправка на грешката и да си простиме како што треба, во новата година да сме си повторно другари.

Заради претпазливост и во детските писма до тебе вмешав прсти, во случај да згрешиш!

За почеток те молам, донеси ми една торба од тие најголемите што ги имаш, полна здравје за домашните мои. Со неа уште една поголема торба со живци за кинење – резерва да си имам!

И те молам да го поднаучиш сопругот за „ефектот насмевка – кога се делат подароци за новогодишните празници, па може и во текот на целата година...

Ах, воедно и едно упатство за користење на машината за миење садови и перење облека, кога веќе е алергичен на сјајот за миење!

Со тие упатства вметни ги и оние видеа од инстаграм каде сопругот сервира појадок со кафенце и цвеќе, нека поднаучи нешто човекот!

Елката ми е многу мала, па немој да се заморуваш себеси годинава со апарати за домаќинство, затоа што нема многу простор под неа.

Доволно е некој лист хартија од вредност.

На пример ваучер!!!

Многу убава работа се ваучерите!

Знаеш Дедо Мраз, секогаш има новитети и трендови, поинтересни од ланските.

Можеш да си избираш што сакаш за да нема купување исти подароци, нема кисели насмевки... а и колку се лесни и фино спакувани.

Се надевам дека не те заморив до тука?!

При крај сме, ветувам!

Имав уште поголем список со желби, но за да не ме изоставиш и оваа година ги сведов само на приоритети.

Слушнав дека таму на Северниот Пол имало некој магичен прав. Делува ли тој на деца?!

За викендите, да попрскам за да поспиеме повеќе сите.

И од истиот запиши уште едно мало шишенце, за бабите почесто да ги чуваат внуците. Кујната на памет си ја знам – од лажичка до тенџерче, па сакам и јас да излезам од неа годинава!

Буџетот ми е во минус од онлајн купување, ако може да ми ги блокираш сите такви страници затоа што јас ниеднаш не успеав во тоа.

Донеси ми и време!

Да имам малку за себе, да прочитам некоја книга како порано, да се туширам без брзање и публика пред врата...

Време за кафе, топло и веднаш испиено! – мх, мхм, мх ...

Тоа чувство е магично.

И мислам стигнавме до крајот.

Што?! – Љубов?

За љубов прашуваш?!

Љубов имаме на претек!

Благодарение на неа го сочувавме мирот и спокојот во домот, ги овековечивме сите насмевки, ги бришевме солзите што надоаѓаа и ги надминавме сите препреки заедно.

Таа љубов ни ја сочува и вербата во тебе Дедо Мраз, како и традицијата на пишување новогодишни писма.

А ти, не ја заборавај твојата магија!

Кратко и баш јасно ми беше писмово, нели?!

Хо, хо, хо и тебе Дедо Мраз !!! 😊

 

Сања Стојанова

31 година

Велес


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #65 - Прва награда: Јасмина Станимировиќ

БЛОЖИЌ #64 - Втора награда: Мила Виларова

БЛОЖИЌ #63 - Трета награда: Сања Стојанова

БЛОЖИЌ #62 - Сите книги од Фредрик Бакман!
БЛОЖИЌ #61 - Божиќ со Сара Костадиновска
БЛОЖИЌ #60 - Артист Бенд: „Очекувајте нешто ново за Божиќ“
БЛОЖИЌ #59 - Новогодишниот базар од моја перспектива

БЛОЖИЌ #58 - НО,ОВАА година
БЛОЖИЌ #57 - Најдоброто од 2021 

БЛОЖИЌ #56 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ (& Secret Santa) со Елена и Стефан

БЛОЖИЌ #55 - Данбо на Новогодишниот базар во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #54 - Помеѓу фантазијата и трилерот со Марија Ралповска

БЛОЖИЌ #53 - Пред x Потоа

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib