Post Page Advertisement [Top]

 БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.



Фредрик Бакман е шведски автор кој го открив пред година и половина и досега ги имам прочитано сите негови книги издадени во нашата земја. Во продолжение ги рангирам онака како што мене ми се допаднаа и ако сакате да си купите некоја книга, обратете се во книжарниците на Антолог или нарачајте преку нивната веб-страница.



1. „ЧОВЕКОТ ПО ИМЕ УВЕ“

Оваа е мојата прва прочитана книга од Бакман, таа ме „натера“ да посакам што повеќе да прочитам од овој автор. И после сите прочитани негови книги, никоја не успеа да го надмине впечатокот што го остави оваа книга. Така што, ако сакате барем една книга да прочитате од Бакман – топло ви ја препорачувам „Човекот по име Уве“. Повеќе за оваа книга ќе најдете на сајтот на Антолог:  https://antolog.mk/product/chovekot-po-ime-uve



2. „МЕЧКОГРАД“

Хокејското гратче Мечкоград и случувањата во животите на неговите жители пробудија исто така силни импресии кај мене. Многу подетално за оваа книга ќе прочитате во рецензијата која ја пишував минатиот јуни.

РЕЦЕНЦЗИЈА „МЕЧКОГРАД“ - Фредрик Бакман (Антолог)


3. „БАБА МИ ВЕ ПОЗДРАВУВА И ВИ СЕ ИЗВИНУВА“

Комичност и емотивност низ животот на 7-годишната Елса и нејзината 77-годишна позитивно луда баба која за жал умира од рак и остава писма преку кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила во животот. Една современа сага за правото да се биде различен! Повеќе детали прочитајте на сајтот на Антолог: https://antolog.mk/product/baba-mi-ve-pozdravuva-i-vi-se-izvinuva



4. „НИЕ ПРОТИВ ВАС“

Оваа книга е продолжение на „Мечкоград“ и не ми се толку допадна како првиот дел, но повеќе детали за неа пишував во рецензијата која ќе ја најдете на следниов линк:

РЕЦЕНЗИЈА „НИЕ ПРОТИВ ВАС“ - Фредрик Бакман (Антолог)

5. „БРИТ-МАРИ БЕШЕ ТУКА“

Оваа книга го следи животот на Брит-Мари која е лик  во „Баба ми ве поздравува и ви се извинува“. Иако е издадена многу порано, ова е последната книга која ја прочитав од Бакман и искрено има интересни моменти,но не ми остави некој „уау“ впечаток во споредба со горенаведените четири книги. Повеќе за содржината ќе најдете кај Антолог: https://antolog.mk/product/brit-mari-beshe-tuka

 


6. „ВОЗНЕМИРЕНИ ЛУЃЕ“

Овој роман е еден од најбараните и најчитаните од Бакман, но мене лично не ми остави некој премногу добар впечаток. Можеби не бев баш во најдобро расположение за читање кога ја читав книгата. Се работи за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба и повеќе за оваа апсурдна комедија ќе прочитате на следниов линк: https://antolog.mk/product/voznemireni-luge



7. „ЖИВОТ ЗА ЖИВОТ“

Оваа и следниве две Бакманови книги се многу помали во обем на страници споредбено со претходните шест и затоа можам да кажам дека ги ставам во некоја посебна категорија мини- книги. Забелешката ми е што се премногу куси, но емотивни и вредни за читање. „Живот за живот“ ја обработува темата рак и врската татко-син, дополнета со преубави илустрации. Повелете линк: https://antolog.mk/product/zhivot-za-zhivot



8. „СЕКОЕ УТРО ПАТОТ ДО ДОМА Е СÈ ПОДОЛГ И ПОДОЛГ“

Емотивна книга за врската дедо-внук и генерациските нишки. Повторувам, единствен минус е тоа што е прекуса, но и самиот автор посочува дека ова е всушност блог пост преточен во книга. Повелете линк: https://antolog.mk/product/sekoe-utro-patot-do-doma-e-se-podolg-i-podolg



9. „СÈ ШТО СИН МИ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЗА СВЕТОТ“

Ако познавате некој иден татко кој очекува син, тогаш оваа книга е идеален подарок за него. Повеќе инфо ќе најдете на страницата на Антолог: https://antolog.mk/product/se-shto-sin-mi-treba-da-znae-za-svetot

 



Тука завршува мојата Бакман ТОП 9 листа. Кон крајот на минатата година, во Шведска излезе неговата последна книга насловена „Победниците“. Книгата е продолжение на „Мечкоград“ и „Ние против вас“. Додека да биде издадена во Македонија, ви посакувам пријатно читање.


Поздрав,

Роберт



ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #65 - Прва награда: Јасмина Станимировиќ
БЛОЖИЌ #64 - Втора награда: Мила Виларова

БЛОЖИЌ #63 - Трета награда: Сања Стојанова

БЛОЖИЌ #62 - Сите книги од Фредрик Бакман!
БЛОЖИЌ #61 - Божиќ со Сара Костадиновска
БЛОЖИЌ #60 - Артист Бенд: „Очекувајте нешто ново за Божиќ“
БЛОЖИЌ #59 - Новогодишниот базар од моја перспектива

БЛОЖИЌ #58 - НО,ОВАА година
БЛОЖИЌ #57 - Најдоброто од 2021 

БЛОЖИЌ #56 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ (& Secret Santa) со Елена и Стефан

БЛОЖИЌ #55 - Данбо на Новогодишниот базар во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #54 - Помеѓу фантазијата и трилерот со Марија Ралповска

БЛОЖИЌ #53 - Пред x Потоа


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib