Post Page Advertisement [Top]

  БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2022).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.



Кон средината на изминатава 2021-ва година на македонското музичко небо се појавија Артист Бенд. Талентираните млади музичари се обединија под слоганот ‘We play music, we make art’ и реализираа неколку кавер верзии на македонски, балкански и светски хитови. Тие исто така беа дел од Новогодишниот базар во Крива Паланка и вечерва се гости во ова продолжение на Бложиќ.



RK: Здраво момци, прво сакам да ви ги честитам празниците и да ви посакам многу успех. Како се чувствувате?

Кристијан: Ти благодарам. Среќни празници на тебе и на сите кои го читаат ова интервју, од името на целиот бенд. Инаку, и кај мене е присутно празничното расположение. Декември ни беше доста ангажиран месец, откако завршија сите обврски имаме малку повеќе време за одмор и подготовка за плановите кои претстојат.


RK: Како што напоменав Артист Бенд е релативно ново име на музичкото небо, но вие како засебни музичари имате изодено долг музички пат. Како функционирате како единка сите заедно?

Никола: Музиката е таа што нè спојува и секој со своето искуство придонесува и ја обогатува нашата музичка понуда. И кога целта ни е најдобро што знаеме да ја пренесеме музиката на публиката, функционираме одлично.

Даниел: Токму така, се случувало да имаме различен поглед на некои нешта, но кога имаме настап и сме пред публика сите се стремиме кон една единствена цел, а тоа е да го оправдаме името на нашиот бенд најдобро што можеме.


RK: Дали си давате совети/критики едни на други или оставате секој најдобро што знае да си ја врши работата?

Гоги: Си правиме забелшки, но дали ќе бидат прифатени зависи од оној кон кого се наменети и дали се навистина функционални во склоп со останатите инструменти. На пример, мојот инструмент се тапаните и сега јас можам да дадам предлог како да пее Кристијан или како останатите инструменти да се постават кога настапуваат тапаните, но таа поставка не функционира за секоја мелодија. Така што секој од нас најдобро си знае за својата улога во бендот.

Кристијан: Само да се надоврзам, секој од нас дава забелешки за доброто на бендот. Ако јас сметам дека подобро би звучела некоја песна доколку тапаните се повеќе присутни, го пробуваме тоа и ако сметаме дека е добрo - го применуваме, ако не одиме понатаму.



RK: Во 2021- ва издадовте неколку миксови со кавер верзии на македонски, балкански и светски хитови. Како ги прифати публиката, а кои се издвоија како ваши фаворити?

Никола: Од толку многу пеење на тие песни, веќе почнаа да ни стануваат досадни. Но,  јас би ја издвоил ‘Ljubav’ од Фламингоси.

Кристијан: Мене дефинитивно ми е омилена ‘Deset mladja’ од Дино Мерлин. Некако баладите ми се повеќе на срце.

Гоги: Што знам, сите некако ми се драги. Можеби ‘Ko nam brani’ од Петар Грашо.

Даниел: Хммм... па јас би рекол ‘Imala je ljepu rupicu na bradi’.

 


RK: Рековте дека декември ви беше многу ангажиран месец. Покрај настапите, го снимивте и најавивте вашиот најнов проект. За што станува збор?

Кристијан: Токму така. Станува збор за микс од македонски песни за весело расположение.

Никола: Ќе имате прилика да слушнете за што станува збор овој Божиќ.

 

RK: Ќе го очекуваме новиот микс. Но, дали мислите дека ви е време да снимите некоја авторска песна?

Кристијан: Секако дека размислуваме и во таа насока. Но, сè уште ја немаме најдено правилната мелодија.

Даниел: Секако дека сме отворени за секаков вид соработки, така што ако некој има нешто соодветно да ни понуди, слободно нека нè контактира.

 

RK: Настапувате ширум земјава, но во Крива Паланка имавте најмногу настапи досега. Воедно, бевте дел и од Новогодишниот базар. Како ве прифати оваа публика и на кои песни најмногу се забавува?

Никола: Јас како домаќин, можам да кажам дека кривопаланчани како бенд нè прифатија одлично. Фидбекот што го добиваме е многу позитивен и продолжуваме во истиот дух.

Кристијан: Да, благодарни сме на кривопаланечката публика. Како што пишавме и после настапот на Новогодишниот базар, уште еднаш се докажаа како најдобра публика и тоа е вистина. На секој настап се забавуваат максимално и пејат заедно со нас.

Даниел: Многу е важна повратната врска со публиката. Не само за пејачот, и за нас инструменталистите. И кога ја нема атмосферата многу потешко одат настапите. Во Крива Паланка досега ни се нема случено тоа.

Гоги: Крива Паланка е одлична, одлична публика!



RK: Со оглед на тоа што Кристијан е фронтмен на бендот, дали е повеќе омилен кај обожавателките или сепак не важи тоа?

Даниел: Со оглед на тоа што јас и Никола сме семејни луѓе, сите обожавателки го имаат вниманието на Кристијан, Гоги и Теодор (кој сега не е тука).


RK: Дали досега сте имале некоја непријатна ситуација со обожавателки или некој друг човек од публиката?

Кристијан: Не, воглавно сите се културни. Ќе направат некое селфи или ќе порачаат некоја песна и така.


RK: Гоги? Ти што имаш да кажеш на оваа тема?

Гоги: Хммм.. па сум немал непријатни ситуации до овој момент.


RK: Во ред, ви благодарам што бевте дел од Бложиќ. Ви посакувам многу успех со новите проекти.

Кристијан: Ти благодариме и тебе и се надеваме на идни соработки.


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #65 - Прва награда: Јасмина Станимировиќ
БЛОЖИЌ #64 - Втора награда: Мила Виларова

БЛОЖИЌ #63 - Трета награда: Сања Стојанова

БЛОЖИЌ #62 - Сите книги од Фредрик Бакман!
БЛОЖИЌ #61 - Божиќ со Сара Костадиновска
БЛОЖИЌ #60 - Артист Бенд: „Очекувајте нешто ново за Божиќ“
БЛОЖИЌ #59 - Новогодишниот базар од моја перспектива

БЛОЖИЌ #58 - НО,ОВАА година
БЛОЖИЌ #57 - Најдоброто од 2021 

БЛОЖИЌ #56 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ (& Secret Santa) со Елена и Стефан

БЛОЖИЌ #55 - Данбо на Новогодишниот базар во Крива Паланка

БЛОЖИЌ #54 - Помеѓу фантазијата и трилерот со Марија Ралповска

БЛОЖИЌ #53 - Пред x Потоа

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib