Post Page Advertisement [Top]



11.01.2022


Навистина ми е мило за целата вложена креативност, труд и време. На различна возраст, од различна перспектива секој го напишал своето до Дедо Мраз. Но, не е се до идејата, туку и до начинот на пренесување на истата. Ми беше тешко, но и уживав препознавајќи ја вашата креативност во речениците преку кои сакате да искажете нешто подлабоко од самите зборови, но на крајот непристрасно донесов одлука. Покрај првите три награди, има и две специјални за две многу креативни тинејџерки.


прва награда (книга/и во вредност од 1000 денари) – авторЈасмина Станимировиќ, 25 години, Куманово.

втора награда (книга/и во вредност од 500 денари) – авторМила Виларова, 23 години, Велес.

трета награда (книга/и во вредност од 300 денари) – авторСања Стојанова, 31 година, Велес.

специјална награда (книга) – авторЕва Дејановска, 14 години, Гостивар.

специјална награда (книга) – авторДарија Трендафиловска, 13 години, Куманово.


Честитки!


Уште еднаш голема благодарност до сите кои вложивте труд во овој конкурс. Пристигнаа вкупно 29 текстови.

Жал ми е што не може сите да добијат награда, понекогаш мора да се прилагодиме според правилата.

Наградените три ќе бидат објавени следниве денови на блогот. Со тоа и ќе ја затвориме оваа петта сезона на Бложиќ.

Околу подигнувањето на наградите ќе се договориме на мејл.


Поздрав и се најдобро,

Роберт

___________________________________________________________________________________


19.12.2021


По успешно спроведениот литературен конкурс од минатогодишниот Бложиќ, одлучив и оваа година да продолжиме во истата насока.

Овој пат темата е „И пораснатите деца пишуваат писма до Дедо Мраз“.


- Во рамките на горенаведената тема, имате потполна слобода да ја изразите вашата креативност преку пишан текст.

- Вашите текстови треба да ми ги испратите во Word документ и не треба да надминуваат повеќе од  четири страници, со Arial фонт 12 и проред  1,5.

- Внимавајте на правописот и пишувајте исклучиво на македонски јазик.

- Текстовите испраќајте ги на следниот мејл:  najstudenatazimavomojotzivot@gmail.com најдоцна до 09.01.2022 (23:59).

- Исто така, во документот наведете име и презиме, години и град на живеење.


Награди:

I награда – книга/и во вредност од 1000 денари

II награда – книга/и во вредност од 500 денари

III награда – книга/и во вредност од 300 денари

 

Наградените текстови исто така ќе бидат објавени на блогот во склоп на Бложиќ.

Доколку имате некои прашања слободно обратете ми се на социјалните мрежи.

 

Среќни празници,

Роберт


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib