БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).
Во оваа сезона на #Бложиќ, празничната еуфорија ја изживеавме со Ана од #ТинЛексикон додека ги подготвувавме овие божиќни путер колачиња. Најдовме
рецепт на интернет, Ана беше задолжена за колачите, а јас за фотографиите. Уживавме
во ова искуство, па решивме да ви споделиме како изгледаше сето тоа. Доколку
сте стрвни, имајте храброст да се обидете да ги направите. Ако декорациите не
ви испаднат како што посакувате, вкусот секогаш ќе е успешна мисија! Ви посакуваме среќни
божиќни празници!
Потребни состојки:
- 225
гр. путер
- 220
гр. шеќер
- 2
лажички екстракт од ванила (ние
ставивме ванилен шеќер)
- 1
јајце (ние
додадовме уште едно по консултација со поискусни во правењето на овие колачиња)
- 450
гр. брашно
- 1
лажичка прашок за пециво
- ½
лажичка сол
Путерот се мати заедно со шеќерот и јајцето, потоа се
додаваат брашното, пецивото, солта и екстрактот од ванила. Се оформува меко
тесто, а потоа се замотува во најлонска фолија и се остава во фрижидер околу
половина час.
Потоа тестото се расукува на кори и со помош на модли за колачиња се
вадат форми по желба. Се редат во плех претходно обложен со хартија за печење, се печат на 200 степени околу 10 минути.
Откако ќе се изладат се декорираат по желба. Ние декориравме со топена на пареа бела чоколада за
готвење со додадена прехранбена (зелена) боја и со обична растопена чоколада за
готвење.