БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).
Ова 45-то продолжение на
#Бложиќ го посветуваме на книгите. Имено, вчера поставив стори
на мојот инстаграм профил (@robkrst) со молба да ги наведете најдобрите книги што сте ги прочитале во текот на изминатава
година.
Одговорите ќе ги најдете
подолу, но исто така и вметната инстаграм објава во чиј опис се чекорите кои
треба да ги исполните за да станете потенцијален добитник на книгата „Човекот по име Уве“ од Фрeдрик
Бакман. Инаку оваа книга може
да ја најдете во Антолог
книжарниците.
1. Зад затворени врати – Б.А.
Парис (Сакам Книги)
2. Замка – Мелани Рабе (Матица)
3. Заробени сништа – Марина
Немат (Култура)
4. Последниот истрел – Линвуд
Баркли (Матица)
5. Пациентот – Себастијан Фицек
(Сакам Книги)
6. Дали ме чекаш – Гијом Мисо
(Топер)
7. Врати ми се – Гијом Мисо
(Топер)
8. Што би правел јас без тебе – Гијом
Мисо (Топер)
9. Тајната на облаците – Алисон Ричман
(Матица)
10. Баба ми ве поздравува и ви се извинува – Фрeдрик Бакман (Антолог)
11. Е, баш ме заболе – Марк Менсон
(Литература.мк)
12. Тошо Малерот: монологија
–
Васко Тодоров (Литература.мк)
13. Нож – Ју Несбе (Три)
14. Скоро Парижанка – Јана Мишо
(Литература.мк)
15. Becoming: Мојата
приказна – Мишел Обама (Литература.мк)
16. Авантурите на Шерлок Холмс – Артур
Конан Дојл (Антолог)
17. Папокот на светот – Венко Андоновски
(Три)
Во претходнава година
авторот кој го открив е Фрeдрик Бакман и неговите емотивни дела за животот и семејните врски. Книгите
на овој шведски автор, преведени на македонски јазик се во издание на Антолог, па таму можете
да се обратите доколку сакате да прочитате некоја од неговите книги, но за која
и да се одлучите верувајте нема да зажалите.
Вашите предлог-книги
може да ги пишете во коментар.
пс. Цитатот од
насловната фотографија е од Just
kids
на Patti
Smith.
🎁 GIVEAWAY
БЛОЖИЌ #47 - Божиќ со Бојана Николовска |