Post Page Advertisement [Top]

 БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


Ако сакате да дознаете повеќе за КОНКУРСОТ, каде што може да најдете линкови од претходните делови на оваа приказна, повелете:

КОНКУРС „НАЈСТУДЕНАТА ЗИМА ВО МОЈОТ ЖИВОТ"


Најстудената зима во мојот живот

(продолжение)

II награда

  

(надоврзување на крајот од третиот дел на „Роденденска торта, направена од мама“.)


 Ана ги собра чиниите извалкани од торта и се упати кон кујната. Иако се обидуваше да ги сокрие солзите, тие непрекинато се слеваа низ нејзините образи и голема кнедла ѝ стоеше во грлото. Додека нејзиното синче се радуваше на велосипедот, нејзиниот сопруг дојде до неа и силно ја прегрна. Ана почна да липа обидувајќи се да ја искаже својата болка раскажувајќи му на сопругот.

- Како сум можела да го направам тоа, како сум можела толку да ги повредам своите родители!? Да можам сега да ја вратам мама би ја гушкала до бесвест и би се заблагодарила за плишаното мече, но тоа…

Се обидуваше да ја доврши реченицата, но болката толку ја собори што едноставно падна на колена и неконтролирано плачеше, стегајќи ја раката на нејзиниот сопруг.

 

После три месеци.

- Здраво тато, како си? Што правиш? - го прашува Ана загрижено својот татко кога се појави пред камерата на паметниот телефон.

- Здраво мила моја, добро сум. Сега се вратив од прошетка со Бела, времето е многу убаво и сакав да го искористам. Вие како сте? - прашува дедото.

- Ние сме добри, но многу сме загрижени за тебе. Пред малку слушнавме на вести, таму ситуацијата со вирусов е лоша, но не е како претходно. Дали ти треба нешто?

- Не ќерко, не треба, благодарам. Можеби сум стар, но добро се снаоѓам. - се обидува низ смеа да ја смири загриженоста на својата ќерка.

- Тогаш имам добри вести за тебе. Ги отворија границите и следната недела доаѓаме во Македонија, многу ни недостасуваш.

-Навистина? Многу се израдував. Тогаш ве очекувам следната недела. Бакни го внучето од мене и поздрави го сопругот.- радосно возврати дедото.

- Ти благодарам тато, но дали знаеш дека…

Повикот се прекина.

- Веројатно снема батерија. - си помисли Ана.

Наредниот ден сопругот на Ана се обидуваше да земе неколку слободни денови од работа, но не успеа. Ана мораше сама да оди во Македонија.

 

Една недела подоцна.

- Здраво мил мој, сега слегувам од авион и ќе се качам во такси. Ќе те барам кога ќе пристигнам кај тато, те бакнувам. - гласеше пораката што Ана ја испрати на нејзиниот сопруг.

После три часа таа пристигна кај нејзиниот татко.

- Тато, сега кога го испивме чајот те молам кажи ми што се случува со Бела.

- Нема ништо навистина, ја шетав подолго од вообичаено и се измори.

- Во ред, но ако има нешто те молам кажи ми.

Татко ѝ кимна со главата уверувајќи ја дека се е во ред

Во текот на тридневниот престој, Ана го обезбеди татко ѝ со сите намирници и задоволно се врати во Германија.

 

Два дена подоцна.

- Здраво тато, јас стигнав во Германија. Се беше во ред додека патував, ти праќам бакнежи и чувај се. - гласеше пораката на Ана испратена на нејзиниот татко.

 

Целата следна година Ана и нејзиното семејство се слушаа со нејзиниот татко исклучиво преку телефон. Иако се најавуваше подобрување на ситуацијата со вирусот, таа повторно се влошуваше. Границите без затворени, продавниците и маркетите работеа само со достава до дома.

Синот на Ана го помина и седмиот роденден исто како претходниот. Овој пат доби мало кученце со кое деновите никогаш не беа здодевни.

Во меѓувреме, татко ѝ на Ана имаше многу проблеми, но успеваше тоа да го сокрие од нив, освен последниот пат.

- Здраво Ана, како сте? Извини што не те побарав вчера, ми се испразни батеријата.

- Здраво татичко, ние сме добри, но ти не ми звучиш најдобро. Дали е се во ред? Дали си ти добро?

- Ова јас…знаеш…немој да се грижиш добро сум- гласот му трепереше.

- Тато што се случува? Ти го познавам гласот, нешто не е во ред. Те молам кажи ми!

- Бела…- солзите се слеваа низ неговото лице.

- Бела!? Што се случи со Бела? Дали е добро?

- Еве ќе ти ја покажам на камерата.

Кога ја заврте камерата, Бела веќе немаше здив, нејзината мала глава висеше од креветчето поставено до огинот, а очите ѝ беа ширум отворени, но не трепкаше.

Ана и татко ѝ се погледнаа, а солзите сами паѓаа.

Претходната недела на Бела ѝ беше дијагностициран рак на белите дробови и деновите ѝ се одбројуваа.

- Те молам не кажувај ништо на внук ми, да не се грижи и да не плаче. – дедото ја замоли Ана.

- Нема, но те молам и ти немој да плачеш, така требало да биде- се обидуваше да го утеши.

Татко ѝ ненадејно ѝ исклучи.

 

По неколку денови.

- Мамо мамо, следната недела е Бадник, дали ќе одиме кај дедо? Многу ми недостига, а ми недостигаат и неговоте приказни.

- Ќе одиме синко, сега ситуацијата не е толку ризична, а имаме и изненадување.

Следните неколку дена Ана се обидуваше да го добие татко ѝ на телефон, но безуспешно. Се обидуваше и кај пријателитено веројатно не им беше познат бројот па никој не ѝ креваше. Таа се обидуваше да остане смирена.

Ден пред Бадник се спакуваа и се упатија кон аеродромот. По шест часовен лет, се качија во такси и тргнаа кон селото во кое живееше нејзиниот татко, оддаелечено некои си пет километри од најблиската приградска населба. По пат на радиото слушнаа вести што ги запрепастија. Страшна снежна бура го зафатила селото пред неколку часа, но сега се е во ред. Ана беше многу вознемирена, но се обиде да го сокрие тоа заради синот. Кога пристигнаа неколку пати чукнаа на вратата, но татко ѝ не отвораше. Нејзиниот сопруг беше приморан да ја скрши вратата. Кога влегоанејзиниот татко лежеше на земјата неподвижен.

- Татооо- извика Ана во страв и паника.

- Помогнете ми…не можам…ве молам - со последни сили бараше помош.

- Во ред е тато, тука сум, сега ќе повикам брза помош.

- Почекај... Ако ми се случи нешто, да знаеш дека вистината ќе ја најдеш во кутијата на полицата над телевизорот.

- Ништо нема да се случи, ти ветувам- велеше Ана прегрнувајќи го.

По два дена, нејзиниот татко ја изгуби битката неочекувано (барем за нив). Тогаш Ана се сети дека тој спомнуваше некаква кутија и отиде во татковата куќа да ја побара. Внатре имаше писмо.

 

Драга Ана,

Ако го читаш ова писмо, тоа значи дека веќе не сум меѓу вас. Веројатно се сеќаваш на денот кога Бела почина, два дена после тоа почнав да имам секојдневна главоболка, трнење на рацете и губење на рефлексите па затоа отидов во болница. За жал, тоа било последниот стадиум од мојата болест. Те молам не лути се, не сакав да ти кажам за да не се грижиш. Ми беше многу тешко, но кога мислев на вас секогаш имав насмевка на ова старо, изнемоштено лице. Како спомен ти го оставив коланчето на Бела, знам дека многу ја сакавте исто како и јас. Чувајте се и бидете добри.

Збогум,

Ве сакам сите.

 

Ана со крупни солзи истрча надвор и се упати кон транспортерот со малото кученце што требаше да биде новото крзнено пријателче на татко ѝ. Го зема коланчето, го стави околу вратот на кучето и тивко проговори:

Бела... (именувајќи го по кучето на нејзиниот татко), ова е најстудената зима во мојот живот... – прошепоти Ана прегрнувајќи го силно несудениот божиќен подарок на својот татко.

 

aвторЕлена Величковска

19 години, Крива Паланкa


БЛОЖИЌ 2020/21:

БЛОЖИЌ #47 -  Божиќ со Бојана Николовска

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib