Post Page Advertisement [Top]

 БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


Втора година по ред #ТинЛексикон е најдоминантната рубрика на блогот, па така во овој новогодишен специјал гости се токму тинејџерите кои ќе ви ја честитаат 2021-ва и ќе ви откријат дали верувале во Дедо Мраз. Уживајте!


#ТинЛексикон: Сара [октомври 2020]

Сара: Среќна Нова 2021 година! Само убавини да не' следат!

Ана: И јас се придружувам на желбите и честитките за 2021-ва. Нека е среќна!

БЛОЖИЌ #33 - #ТинЛексикон со...


Маја: Посакувам Новата година да ви донесе многу успех и љубов, да уживате во секој момент и да ги остварите соништата. Нека секој ден ви биде насмеан и радосен. Среќна Нова 2021 година.

#ТинЛексикон со Матеја

Матеја: Во Новата 2021 на сите ви посакувам да се пронајдете себеси во оние работи што ги сакате и работите. Да ја искористите најдобро, опкружени со најблиските и личностите кои ви значат. Не ја користете оваа година за посакување на нешто повеќе туку насмејте се и заблагодарете се на она што веќе го имате и што успеавте да го задржите во 2020 година односно една и од најлошите за сите нас.


Михаела Петровска: Кога бев мала, се прашував дали постои вистински Дедо Мраз. Aко постои - каде би живеел, дали ќе дојде еден ден кај мене да ми ги донесе сите посакани подароци и дали би ми ги остварил сите замислени желби. Одговорите што ги добивав од моите родители, баби, дедовци беше дека еден ден за време на новогодишните празници ќе пристигне од далечното место Лапонија и ќе ми ги донесе подароците кои ги имав посакано. Но, со тек на времето, кога пораснав сфатив дека всушност не постои Дедо Мраз за кој сум се радувала и со нетрпение сум го чекала да дојде. Така сфатив дека сите мои детски желби кои биле замислени никогаш не биле исполнувани од страна на Дедо Мраз.

Во новата 2021 најпрвин би сакала да помине пандемијата КОВИД која во претходната година ни нанесе голема болка на многу фамилии. Кога ќе заврши пандемијата би сакала повторно да правам многу фотосесии, но и би сакала да купам фотоапарат со кој ќе направам уште поубави и подобри фотографии. Се надевам дека еден ден мојата желба да станам фотограф ќе се исполни.

#ТинЛексикон со Бобана, Дона, Ѕвездан и Марио

Бобана: Како и повеќето деца, и јас се радував и верував дека постои Дедо Мраз. Мислев дека тој ќе ми ги исполни сите желби и ќе ми остави пакетчиња под елката. Кога сфатив дека не пости, бев разочарана и тажна. Но, се разбира моите родители се секогаш тука да ми ги исполнат моите желби и соништа.

Честитката за Новата 2021 година ми е да бидеме сите живи, здрави и среќни. Да помине Ковид-19 и се надевам дека сите мои желби и соништа ќе се исполнат.

Марио: Нека оваа година биде многу поубава од претходната, покрај саканите луѓе заборавете на сите проблеми. Тргнете во нови победи и очекувајте го најдоброто, бидејќи оној кој верува, сè ќе му се исполни. Среќна Нова 2021 година! И јас не сум верувал во Дедо Мраз.

Ѕвездан и Дона исто така се придружуваат на сите убави честитки за Новата 2021-ва година.

#ТинЛексикон со Мелани и Теа

Мелани и Теа: Пречекајте ја 2021-ва со широка насмевка, изживејте ја со љубов и испратете ја со успеси. Радоста и доброто здравје нека бидат трајни гости во вашиот дом. Среќна Нова година! Инаку, и двете никогаш не сме верувале во Дедо Мраз. Еве некои филмови кои ви ги предлагаме да ги гледате овој зимски распуст – The Grinch, Home Alone 1 & 2, The Christmas Chronicles 1 & 2, Elf, Christmas with the Kranks…

#ТинЛексикон: BFF таг со Ева и Михаела

Ева: Јас како мала верував дека Дедо Мраз ми ги носи подароците под елката и бев навистина среќна! Сега разбирам дека Дедо Мраз всушност биле моите родители! Сепак, убаво е да се верува дека постои некоја добра енергија која ги разубавува празниците со подароци во шарена хартија! Мислам дека нема некој кој  не се радува на подарок, мал, симболичен, но подарен од срце!

Мојата честика за Нова година гласи: Здравје, бидејќи без него ништо друго не е возможно! Среќа, љубов, успеси за сите - големи и мали! И секоја желба за која мечтаеме пред спиење да ни се оствари во реалноста!

Михаела Стојановска: Да, како мала верував во Дедо Мраз и очекував да ми ги донесе омилените подароци. Дури, му пишував писма! Кога пораснав со убави емоции се сеќавам на тие мои наивни верувања. Сепак, добро е кога се верува во нешто добро!

Мојата честитка за Новата година е едноставна! Здравје пред се, да знаеме да го цениме здравјето! Да знаеме да уживаме во среќните моменти, но и храбро да се носиме со оние тажни денови, бидејќи во животот има и такви!

Љубов, вистински пријателства, успеси!



БЛОЖИЌ 2020/21:

БЛОЖИЌ #47 -  Божиќ со Бојана Николовска


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib