БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).
Минатогодишниот Бложиќ
го започнавме со „Каде да се фотографирате во Крива Паланка?“, односно листа од
локации на кои фотографиравме во тогашната измината 2019-та година. Во ова
продолжение на Бложиќ се наоѓаат најчесто фотографираните локации за изминатава
2020-та година. Погледнете!
1. СКЕЈТ ПАРК
- Оваа локација „изникна“ во изминатава 2020-та година и токму таму направивме најголем број фотосесии и селфиња.
2. КАЛИН КАМЕН
- Всушност, езерото на Калин Камен спаѓа во најпознатите локациии кога ќе се спомне Крива Паланка, но на патот до таму има прилично интересни природи за фотографирање во секое годишно време.
3. ЗЛАТИНА ПАДИНА
- Ако сакате некоја поблиска природа со убав хоризонт кон горниот дел од центарот на градот тогаш ова место е идеален избор.
4. АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА И ИГРАЛИШТА
- И оваа година игралиштата се наоѓаат на оваа листа..
5. ШАНИН МОСТ
- Не знам зошто, но оваа година имам толку голем хајп околку овој мост - паланечкиот Бруклин Бриџ.
6. (ПАТОТ ДО) ОСОГОВСКИ
МАНАСТИР
- Исто така поволно и пристапно место за секакви сезонски фотосесии.
7. КЕЈОТ И ПАТЕКАТА
ПОКРАЈ КРИВА РЕКА
- Сезоната на трендафилите ја искористивме најдобро за портрети меѓу розите.
8. ОТОШНИЧКО ЕЗЕРО
- Тука фотографиравме февруарскиот #ТинЛексикон со Марио.
9. КАРПОШ
- Летниот #ТинЛексикон со Сара го фотографиравме тука.
10. ПРИРОДАТА НАД БАГЛАК
- Засекогаш омилена.