Post Page Advertisement [Top]

 БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2021).  


Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


Часови пред да ја дочекаме Новата 2021 година, тука е Сара Гаврилова да ви ги соопшти од сопствено искуство најдобрите продукти за шминкање за изминатава 2020-та. Благодарности до Сара затоа што се погрижи и за визуелниот изглед на ова продолжение на Бложиќ. Во продолжение ви се обраќа таа, а јас ви посакувам убава празнична вечер.

Сара: Здраво, моите омилени продукти за 2020 се решив да ги подредам по категории, па еве ги:

* Веѓи: Zoeva Graphic brows и GR Precise Browliner се моливчиња за веги без кои не можам да живеам, а Benefit 24h brow gel е гел за веѓи без кој не можам да живеам.



* Eyeshadow primer: Најголем впечаток ми оставија прајмерите за очи на P. Louise особено Blank canvas чија текстура премногу ми се допаѓа.

* Concealers: Elf como conceler, Loreal infaliable и Mac 24h smooth wear concealer. Затоа што сум makeup artist сакам пигментирани и покривни коректори, од овие три најомилен ми е на Mac но и другите се доста добри и покривни, треба да се внимава само како се нанесуваат.


*Foundation: Како што знаете тука мора да ја има мојата најомилена на YSL All hours foundation, потоа тука се и Loreal Fresh wear и Seventeen Skin perfect.


*Cream contour - Покрај палетата на RCMA одличен е овој Krayolan TV paint stick кој што ми е супер, не ми зафаќа многу место in my kit.


*Brozers: Одлично пигментирани и одговараат скоро со секој makeup look. Тоа се: Benefit Hoola bronzer и Anastasia beverly hills Saddle bronzer.


*Powders: Покрај веќе омилените на Laura Mercier и Beauty bakerie. Нови омилени ми се на Maybeline и Airspun loose powder.


*Blush and Contour palette: Овие на Scott Barnes се љубов на прв поглед - Chic Cheek и Sculpting & Contour 😍 Друга одлична палета за контурирање е Kevyn Aucoin - The Art of Sculpting and Defining Volume III. Не постојат подобри 😍


*Highlighter - Секоја година е истиот Ofra-Rodeo drive. Имам и други омилени но овој ми е засекогаш најомилен.


*Eyeliners - ABH electric eyeliner кои што ми го променија животот и ми помогнаа многу за интересни makeup looks во боја. Омилени black liners -  Maybeline Studio liner, Catrice ink liner и Aura Wing it up sensitive eyes liner.


*Mascara: Essence Lash Princesses false lash effect. Се уште немам најдено подобра што одговара и во комбинација со false lashes.


Setting sprays: Најпрекрасните засекогаш - UD All nighter, Mac Fix+ и Morphe serting spray. Пробајте ги и ќе знаете зошто 😉. Прават шминката да изгледа прекрасно. Тука би го додала и Scandinavia bridal кој што е ист како All nighter


Тоа е се за 2020-та, ве оставам во убаво празнично расположение да ја дочекате 2021-ва.

Сара

 xoxo


БЛОЖИЌ 2020/21:

БЛОЖИЌ #47 -  Божиќ со Бојана Николовска


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib