Post Page Advertisement [Top]

728+3
bff+tag+eva+i+mika+-+cover

Со Ева се запознавме пред неколку седмици во #ТинЛексикон, а поводот за оваа објава е пријателството со нејзината најдобра другарка Михаела! Погледнете и прочитајте!

zednicki+%25282%2529

Се запознале кога тргнале на училиште, односно во прво одделение, а најдобри другарки се од четврто па се до ден-денес.

mika+%25281%2529

Ева: Михаела е супер другарка. Не може да се објасни со зборови или да се дефинира затоа што нашето другарство е многу повеќе од збор или дефиниција. Едноставно времето кога сме заедно е забавно. Михаела е сериозна, умерена... ми се допаѓа тоа што е трудољубива и упорна кога станува збор за училишните обврски. Навистина е кул, ги следи трендовите, сака забава, обожава спорт и се смее на моите „смешки“.

eva+%25282%2529

Михаела: Ева е мојата „сродна другарска душа“. Ми се допаѓа што е темпераментна и подготвена за авантури. Секоја ситуација знае да ја „изврти“ на смешка. Секогаш кога сме заедно времето буквално ни лета бидејќи имаме интересни теми за разговор, заедно имаме поминато безброј незаборавни случки на кои се смееме кога ќе се присетиме на нив. Навистина Ева е искрена другарка, секогаш подготвена да помогне!

mika+%25282%2529

Ненавременото одговарање на пораки е нешто што најмногу ја нервира Ева кај Михаела.

eva+%25281%2529

Михаела како негативна страна на Ева ја посочува повремената мрзеливост за одредени активности.

mika+%25283%2529

zednicki+%25284%2529

Обожаваат заедно да шетаат, да одат на шопинг во Скопје, да организираат „пижама парти“, роденденски забави...

eva+%25283%2529

mika+%25284%2529

eva+%25284%2529

Имаат сличен вкус на облекување што дури си купиле и исти блузи на еден од последните шопинзи во Скопје. Исто така, како незаборавно искуство го посочуваат и гледањето филм во 7D кино.

zednicki+%25281%2529

Музичкиот вкус им е исто така сличен, па како песна што двете најмногу ја обожаваат и ја пејат на цел глас кога ќе ја слушнат, ја посочуваат All Night од The Vamps и Мatoma.

eva+%25285%2529

mika+%25285%2529

За крај, двете најдобри другарки Ева и Михаела, го дефинираат пријателството со следниве реченици:
„Најдобриот пријател е како детелина со четири листа - тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш. Пријателството за нас е среќа затоа што имаш со кого да ги споделиш убавите, но и моментите кои не се толку пријатни, имаш на кого да ги довериш тајните, да раскажеш за своето семејство, за училишните обврски, за првите симпатии. Убаво е што се пронајдовме да се дополнуваме со нашите карактери и што се трудиме да се израдуваме меѓусебно. Понекогаш е доволен најмал гест да покажеш дека си тука за другарката до тебе. Искрено се надеваме дека вака ќе биде цел живот! Деновите би биле тажни без искрен разговор, дали на „чет“ или во живо со другарката која знае како дишеме! Вистинското пријателство е како скапоцен бисер кој откако ќе се пронајде, треба да се чува и негува за да трае.“

zednicki+%25283%2529



Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib