Во овој #ТинЛексикон го славиме пријателството со најдобрите другарки Сара и Анастасија.
„Пријателот е оној кој е со тебе кога целиот свет не е.“ – Грејс Пулпит
- Другарството помеѓу Сара и Анастасија трае веќе девет години.
- Околу година и повеќе се неразделни најдобри другарки.
„Пријателот е едно од најдобрите нешта што можете да ги имате и едно од најдобрите нешта што можете да бидете.“ – Даглас Пеглс
- Анастасија ја опишува својата најдобра другарка Сара како интересна, енергична, харизматична личност со која никогаш не е досадно.
- За главна причина зошто Сара го зазема местото на најдобра другарка, Анастасија ја посочува искрената поддршка која ја добива од нејзина страна.
Пријатели доаѓаат и си одат, но оние вистинските секогаш се тука.
- Сара ја опишува Анастасија за забавна, искрена, емотивна личност која исто така и пружа поддршка и секогаш е тука за неа кога и е потребно.
- Нивното пријателство се заснова на искреност и взаемна поддршка.
„Мој најдобар пријател е оној којшто го вади најдоброто од мене.“ - Хенри Форд
- Сара вели дека најголема мана на Анастасија и' е доцнењето.
- Анастасија како најголема мана на Сара ја посочува лутината, но вели дека знае како да се справи во такви ситуации.
- Велат дека често знаат да немаат исто мислење за одредени нешта, но ништо не е толку силно да го загрози нивното пријателствo.
„Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“
- Имаат многу интересни ситуации поминати заедно, но велат дека сакаат да си ги зачуваат за нив.
- Нема табуа помеѓу нив и си ги чуваат меѓусебните тајни.
- И за крај како заедничка омилена песна ја посочуваат „Горе или доле“ од DNK.
„Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон