Post Page Advertisement [Top]


„Селото Осиче  се наоѓа во областа Славиште, во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, северозападно од градот Крива Паланка. Селото е раштркано и планинско, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 900 до 1.200 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 6 километри.“

Вака пишува Википедија за родното село на баба ми. 


Во почетокот на есента, овој септември, го посетивме селото и во продолжение можете да погледнете фотографии од тој ден.


1. У Ч И Л И Ш Т Е Т О

Во центарот на самото село се наоѓа некогашното училиште. Зградата има ходник и една голема училница со три прозорци, како и просторија каде што престојувале служителите. Кога се приближувате кон старите прозорци, се чувствува трошливиот мирис на старото дрво од кое се направени. Тој мирис ме потсетува на библиотека, бидејќи нели хартијата е направена од дрво.










Влезот на училиштето











2. К О П Е Р А Ц И Ј А 

Блиску до училиштето, непосредно до патот се наоѓала селската коперација, односно продавница.


3. ЗАДНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШТЕТО

Во задниот дел од училиштето најчесто престојувале учителите. Тука има две простории и мал ходник. Многу често се случувало учителите кои доаѓале од градот (Крива Паланка), да преспијат во тие просториите, како и да си ги доведат малите деца ако немало кој да им ги чува и тука престојувале и тие. 




4. ОКОЛИНАТА НА СЕЛОТО И ОСТАНАТА ПРИРОДА

Во продолжение погледнете ги останатите кадри од ова село што успеав да ги доловам.


































Нема поголемо задоволство од тоа после толку години заедно да ги посетиме местата каде што баба ми го поминала своето детство. Среќа.


RELATED POSTS | ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:


http://robertkrstevski.blogspot.mk/2017/07/dobrovnica-kriva-palanka.html
Добровница, Крива Паланка, Македонија

https://robertkrstevski.blogspot.com/2018/07/divjanci-kriva-palanka.html
Divjanci, Kriva Palanka, Macedonia | Дивјанци, Крива Паланка, Македонија
http://robertkrstevski.blogspot.com/2018/05/spring-in-dobrovnica-kriva-palanka.html
Пролет во Добровница, Крива Паланка, Македонија

                                     

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib