Post Page Advertisement [Top]


Другарчињата од маало заземаат специјално место во сечиј живот, тоа се оние спомени што секогаш те враќаат на улицата каде што почива твоето детство. Во оваа објава го славиме пријателството на четири тинејџери од Баглачка – улицата каде и моето детство засекогаш ќе живее... и како што вели песната на Балашевиќ – Neki novi klinci... Задоволство ми е што на некој начин инвестираме во спомени за нивните другарувања преку оваа објава, а повеќе за Бобана, Дона, Ѕвездан и Марио прочитајте во продолжение!


Се дружат од мали нозе, односно од кога знаат за себе. Обожаваат да слушат музика (посебно Теодора Џехверовиќ и Девито), да ја шетаат Астра (кучето на Марио) и да јадат мафини. Велат дека имаат многу интересни и комични ситуации поминато заедно, но сакаат да си ги задржат за нив.

Бобана

Дона ја опишува Бобана како љубезна дружељубива и упорна, Марио ги додава епитетите доверлива, фер и искрена другарка. Ѕвездан пак, со три збора ја опишува како талентирана, снаодлива и вредна тинејџерка. Како нешта што ги нервира кај Бобана, ги издвојуваат стравот, кога таа не е во право и кога е нервозна.


Дона

Емотивна, креативна и забавна се трите зборови со кои Марио ја опишува Дона. Бобана се надоврзува со фер, дружељубива и малку плашлива личност. Искрена, вредна и љубезна се термините со кои Ѕвездан ја опишува Дона. Прекумерната емотивност, лутината и нервозата се карактеристиките на Дона кои понекогаш будат нервоза кај останатите тинејџери.

Ѕвездан   

Бобана го опишува Ѕвездан како паметен, совесен и љубезен, Дона ги додава епитетите решителен, вреден и искрен. Марио вели за Ѕвездан дека е хумористичен, дружељубив и фер. Како нешта со кои им оди на нерви, ги издвојуваат - лутината, мамењето и кога не е во право.


Марио

Храбар, хумористичен и дружељубив се трите зборови со кои Дона го опишува Марио. Бобана вели дека е голем инат, но исто така забавна и доверлива личност. Ѕвездан вели дека Марио е тврдоглав, снаодлив, но и искрен. Како негативни страни на Марио ги наведуват инатливоста, нерасположението и секако доцнењето.




#ТинЛексикон со Ивона Петровска
#ТинЛексикон: НЕ БИДИ БУЛИВЕР!
#ТинЛексикон: Лето со Сара Николовска
#ТинЛексикон со Матеја
#ТинЛексикон со Ана

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib