Во овој #ТинЛексикон запознајте се со Ана Велковска.
1. Име: Ана
2. Хороскопски знак: Водолија
3. Омилено годишно време: Пролет
4. Омилен ден од седмицата: Четврток
5. Омилен предмет во училиште: Англиски и германски јазик
6. Омилена песна: "Sweather weather" од The Neighbourhood
7. Омилен пејач/пејачка/група: Немам некој фаворит, но обожавам да ги слушам The Neighbourhood.
8. Омилен спорт: Не сум многу по спортовите, но ако треба да гледам спорт тогаш дефинитивно би гледала ракомет.
9. Омилена активност во која уживаш: Цртање, читање книги, гледање хорор филмови...
10. Омилена книга/лектира: „Језа“ од Меги Стивотер
11. Омилена серија/филм: Серија - „Вампирски дневници“, филм - „Моана“
12. Омилена социјална мрежа: Инстаграм
13. Омилено животно: Мачките ми се омилени
14. Омилено цвеќе: Роза
15. Омилена боја: Сина
16. Омилен празник: Божиќ
17. Омилен пијалок: Нескафе
18. Ден или ноќ? Ноќ
19. Кој град и која држава би сакала да ги посетиш: Град - Њу Oрлеанс, држава - Русија
20. Кои карактеристики треба да ги поседува личноста за да ти биде пријател? Да има смисла за хумор, но најважно од се е почитта.
21. Што имаш да кажеш на тема булинг или врсничко насилство? Булингот најчесто настанува кога буливерот, односно насилникот се чувствува слабо и не може да ја контролира немоќта и врши булинг врз некој послаб од него. Треба да се дружиме, помагаме и поддржуваме. Стоп за врсничкото насилство!
22. Совршен одмор: Одмор со најдобрата пријателка на некој остров, можеби Хаваите.