Денеска во #ТинЛексикон
се запознаваме со тинејџерката Ева
Николова.
1. Име: Ева
2. Хороскопски знак: Стрелец
3. Омилено годишно време: Пролет, затоа што асоцира на свежина, шаренило, будење на природата...
4. Омилен ден од седмицата: Сабота - ме асоцира на слобода.
5. Омилен предмет во училиште: Ликовно и музичко затоа што ја будат мојата креативност.
6. Омилена песна: Somebody to you - The Vamps ft. Demi Lovato
7. Омилен пејач/пејачка/група: The Vamps
8. Омилен спорт: Јавање коњи
9. Омилена активност во која уживаш: Коњите се моите омилени животни затоа што се најблагородните животни што постојат. Истражувам многу за нив, а и од неодамна активно се занимавам и уживам во јавање коњи. За жал таа можност ја имам поретко бидејќи тоа е надвор од нашиот град. Во слободно време сакам да свирам клавир, да цртам, да правам десерти, да ја уредувам мојата соба и се разбира сакам да следам што се случува на интернет.
10. Омилена книга/лектира: „Прва љубов“ - Џејмс Патерсон и Емили Рејмонд
11. Омилена серија/филм: The touch of the master's hand
12. Омилена социјална мрежа: Инстаграм
13. Омилено животно: Коњ
14. Омилено јадење: Палачинка
16. Кој град и која држава би сакала да ги посетиш: Многу се, но би ги издвоила следниве
градови: Париз, Венеција, Рио Де Жанеиро...
17. Омилена боја: Бела
18. Кои карактеристики треба да ги поседува личноста за да ти биде пријател? Треба да е фер, искрена, забавна личност...
19. Што имаш да кажеш на тема булинг или врсничко насилство? Не само на зборови туку и на дело треба да се бориме против овој вид на насилство. Кога би имала моќ би го направила светот место каде ќе нема неправди, насилство, несреќи, војни, сиромаштија...Сите ние треба да се однесуваме така што светот да биде поубаво место за живеење за сите, без оглед на тоа што сите сме различни. Треба да ги прифатиме другите со сите нивни доблести и маани. Конфликтите може да се решат со пријателски разговор, со поддадена рака, со искрена насмевка...затоа што никој не е совршен, светот е убав затоа што сите сме различни.
20. Неисполнета желба: Да патувам низ светот со група пријатели.
21. Порака за крај?
На крај мојата порака до сите мои врсници - бидете храбри и оригинални, откривајте нови хоризонти, почитувајте ги возрасните, сакајте ги животните и грижете се за природата! И уживајте во авантурите наместо денот да го поминувате на интернет!
БЛОЖИЌ #33 - #ТинЛексикон со... |
#ТинЛексикон: Велосипедизам со Евгенија, Виктор и Андреј |
#ТинЛексикон со Ана Велковска |
#ТинЛексикон: Есен со Сара Николовска |
#ТинЛексикон: BFF таг [Анастасија x Сара] |
#ТинЛексикон со Ивона Петровска |
#ТинЛексикон: НЕ БИДИ БУЛИВЕР! |
#ТинЛексикон: Лето со Сара Николовска |
#ТинЛексикон со Матеја |
#ТинЛексикон со Ана |