Продолжуваме да ги славиме пријателствата во #ТинЛексикон. Овој пат со тинејџерките Мелани и Теа.
Погледнете и прочитајте што откриваат за нивното пријателство во продолжение!
Мелани и Теа се познаваат од малечки, од градинка па се до ден-денес се најдобри другарки.
Мелани ја опишува Теа како искрена и добра личност која секогаш е тука кога е потребно.
Додека пак, Теа вели дека Мелани е добра, смешна, забавна и фина личност.
Обожаваат заедно да гледаат филмови, да јадат, да пеат, да се забавуваат...
Лутината и неодлучноста се двете негативни карактеристики на Теа кои Мелани ужасно ја нервираат.
Теа го посочува инаетот како нешто што најмногу ја нервира кај Мелани.
Нивното пријателство го дефинираат на следниов начин:
„Пријателството е најголема привилегија денес. Да се има вистински пријател е голема среќа. Како што е ретка вистинската љубов, така е ретко и вистинското пријателство. Пријателството е една душа што живее во две тела. Без разлика на тоа колку е сериозен животот, секогаш ти е потребен пријател со кој можеш да се глупираш. Судбината ни ги избира роднините, но пријателите ги избираме сами.“
БЛОЖИЌ #33 - #ТинЛексикон со... |
#ТинЛексикон: Велосипедизам со Евгенија, Виктор и Андреј |
#ТинЛексикон со Ана Велковска |
#ТинЛексикон: Есен со Сара Николовска |
#ТинЛексикон: BFF таг [Анастасија x Сара] |
#ТинЛексикон со Ивона Петровска |
#ТинЛексикон: НЕ БИДИ БУЛИВЕР! |
#ТинЛексикон: Лето со Сара Николовска |
#ТинЛексикон со Матеја |
#ТинЛексикон со Ана |