Post Page Advertisement [Top]


08.01.2020


Навистина ми е мило за целиот труд кој го вложивте што е можно покреативни продолженија да напишете и испратите. Но, не е се до идејата, туку и до начинот на пренесување на истата. Ми беше тешко, но и уживав препознавајќи ја вашата креативност во речениците преку кои сакате да искажете нешто подлабоко од самите зборови, но на крајот непристрасно донесов одлука.


- прва награда (книга/и во вредност од 1000 денари) – автор: Јована Станојовска, 18 години, Битола.

- втора награда (книга/и во вредност од 500 денари) – автор: Елена Величковска, 19 години, Крива Паланка.

- трета награда (книга/и во вредност од 300 денари) – автор: Марија Ралповска, 23 години, Скопје.


Честитки!


Уште еднаш голема благодарност до сите кои вложивте труд во овој конкурс. Пристигнаа вкупно 23 продолженија, најмалиот автор имаше само 10 години, а највозрасниот 67.

Жал ми е што не може сите да добијат награда, понекогаш мора да се прилагодиме според правилата.

Наградените три продолженија ќе бидат објавени на блогот на 9-ти, 11-ти  и 13-ти јануари како дел од Бложиќ.

Околу подигнувањето на наградите ќе се договориме на мејл.


Поздрав и се најдобро,

Роберт

___________________________________________________________________________________


14.12.2020

„Најстудената зима во мојот живот е приказна која ја пишувам на овој блог во рамките на предбожикното блогирање наречено Бложиќ.


Првиот дел од приказната излезе во првото издание на Бложиќ, односно на 06.01.2018. Повелeте линк во продолжение:

https://robertkrstevski.blogspot.com/2018/01/najstudenata-zima-vo-mojot-zivot.html


Вториот дел од приказната се појави во минатогодишниот Бложиќ, односно на 05.01.2020. Линк:

https://robertkrstevski.blogspot.com/2020/01/najstudenata-zima-vo-mojot-zivot-part2.html


Во текот на априлскиот карантин и роденденот на блогот, исто така напишав и три продолженија со ликовите од „Најстудената зима во мојот живот“, но под наслов „Роденденска торта, направена од мамаВо продолжение линкови од сите три дела:

https://robertkrstevski.blogspot.com/2020/04/rodendenska-torta-napravena-od-mama.html

https://robertkrstevski.blogspot.com/2020/04/rodendenska-torta-od-mama-part2.html

https://robertkrstevski.blogspot.com/2020/04/rodendenska-torta-od-mama-part3.html


За овој Бложиќ, решив да ви дадам шанса вие да го напишете продолжението на оваа приказна.

- Имате потполна слобода ликовите (Ана, нејзиниот  татко, син и сопруг) да ги ставите во ситуации во кои ве води вашата креативност. Исто така може да додавате ликови, но фокусот да остане на гореспоменатите.

- Вашите продолженија треба да ми ги испратите во Word документ и  не треба да надминуваат повеќе од четири страницисо Аrial фонт 12 и проред 1.15.

Внимавајте на правописот и пишувајте исклучиво на македонски јазик.

- Приказните испраќајте ги на следниот мејл: najstudenatazimavomojotzivot@gmail.com најдоцна до 04.01.2021 (23:59).

Исто така во документот наведете го вашето име и презиме, години и град на живеење.


- Награди:

награда – книга/и за буџет од 1.000 денари

II и III награда – книга

Наградените продолженија на приказната исто така ќе бидат објавени на блогот во склоп на Бложиќ.


Доколку имате некои прашања слободно обратете ми се на социјалните мрежи.


Среќни празници,

Роберт

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib