Ако ги немате прочитано првите два дела од „Роденденска торта, направена од мама“, кликнете на следниов линк:
RK6: Роденденска торта, направена од мама [прв дел] |
RK6: Роденденска торта, направена од мама [втор дел] |
Следното утро. Денес
синот полни шест години. Се буди и влегува во преполната со балони дневна соба.
На масата го чека голема торта во облик на велосипедско тркало.
- Среќен роденден!
Среќен роденден! Среќен роденден сине наш, да пораснеш голем маж! Да си жив и
здрав! – пејат таткото и мајката.
Синот застанува пред
тортата, а мајката и таткото го гушкаат.
- Голем да пораснеш и да
ги слушаш мама и тато. – вели Ана.
- Дај да ги истеглиме
ушињата! – вели таткото.
- Застанете! Се’ уште не сме ги запалиле свеќичките. – извикува синот.
- Не грижи се, веднаш ќе
светнат. – вели Ана палејќи ги шестте свеќички.
- Може ли веднаш да ги
дувнам, мамо? – прашува синот.
- Се разбира, но
претходно замисли си желба. – одговара Ана.
- Си замисли ли желба? –
прашува таткото.
- Да, сакам што побргу
чичковците полицајци да дозволат да можам да го возам новиот велосипед! – си
замислува желба синот пред да ги дувне свеќичките.
- Ајде сега кој попрво
ќе ги изгасне свеќичките. – вели таткото преправајќи се дека во секој момент и
тој ќе ги дувне.
- Јас ги дувнав сите
шест! – извикува среќно синот.
- Браво! – извикуваат
Ана и сопругот ракоплескајќи.
- Ајде сега да ја сечеме
тортата... – вели Ана.
- Мамо, а ти кога ја
направи тортата? – прашува синот.
- Станав многу рано и
додека ти спиеше јас ја направив оваа торта, баш како што и ти посакуваше. –
одговара Ана иако малку и’ е
криво што го лаже своето дете.
- Аха, значи и мојата
мајка е вредна како мајката на девојчето од приказната што станала рано и додека
тоа спиело, ја направила најубавата роденденската торта. – вели синот.
Ана во тој момент се почувствува
непријатно, но ништо не изговaрa и почнува да ја
сече тортата.
- Да, ја имаш
највредната мајка во светот. – одговара таткото додека ја фотографира тортата
со својот мобилен телефон.
- Ајде, првото парче за
нашиот супермен кој денеска полни шест години. – вели Ана подавајќи му го
првото парче на синот.
- Едно парче за мене,
едно за татко ти... – продолжува Ана со
сечењето торта.
Синот го јаде своето
парче торта.
- Вкусна е? Ти се допаѓа
ли? – прашува Ана.
- Да, многу. Тортите
направени од мајките навистина биле најубави. – вели синот.
Ана и сопругот се
погледнуваат без да проговорат нешто.
- Ајде да направиме едно
селфи. Наместете се убаво. Еден, два, три... – вели таткото.
- Ајде, сликај! –
извикува синот.
Се фотографираат.
- Ајде да го побараме
дедо ти. И тој сигурно нестрпливо чека да го честита роденденот на својот
единствен внук. – вели Ана.
Се јавува дедото.
- Еве го, се јави. Бргу
сине, држи го телефонот. – вели Ана подавајќи го телефонот на синот.
- Внучко мој еден и
единствен, нека ти биде среќен твојот шести роденден. Дедо ти посакува здравје,
сила, среќа, пари, ум и разум. Да бидеш врсник со орлите и храбро да чекориш
низ животот. Те сакам многу. – дедото го честита роденденот на својот внук.
- Мама и тато ми купија
велосипед за роденден – се фали внукот.
- Заблагодари му се на
човекот. Речи - „Благодарам дедо“. - му дошепнува Ана на синот.
- Благодарам дедо. –
вели внукот.
- Што убаво. Со здравје
да си го возиш новиот велосипед. – дава благослов дедото.
- Чичковците полицајци
не даваат сега да се возат велосипеди надвор, мора да причекаме. - вели внукот.
- Така е, еве и Бела ти
го честита роденденот. – дедото го покажува и кучето на камерата.
- Дедо, да беше тука со
нас, ќе се увереше колку вкусна торта направи мама за мојот роденден. – вели
внукот.
- Навистина мајка ти ја
направи тортата? – малку вчудовидено прашува дедото.
- Да. И тоа по желба на
твојот внук, тато. – одговара Ана.
- Во облик на
велосипедско тркало! – извикува внукот, приближувајќи го телефонот до тортата
за да може дедо му подобро да ја види.
- Мило мое. – изговара Ана
милувајќи го синот по полните обравчиња.
- Браво, браво. Браво за
мајка ти. – ја фали дедото својата ќерка.
- Дедо, тортата на
девојчето толку ли била вкусна како оваа? – прашува внукот.
- Не, твојата е
повкусна. Највкусни торти се оние кои се направени од мајките за своите деца. –
одговара дедото.
- Сигурно била вкусна тортата
што ја направила нејзината мајка, но тажно е тоа што девојчето не сакало ниту да ја проба...
– вели внукот.
Ана цело време го
слуша разговорот и веќе и’ станува
непријатно.
- Какво девојче? За што зборувате? – го прашува
таткото синот.
- За една приказна што
дедо ми ја раскажа. – одговара синот.
- Ќе ми ја раскажеш ли и
на мене? – го прашува таткото синот.
- Ајде да јадеме од
тортата. – Ана се обидува да ја смени темата.
- Мамо, дедо ти ја има
ли раскажувано тебе приказнава? – прашува синот.
- Не, да ја знаев ќе ти
ја раскажев уште пред дедо ти да ти ја раскаже. Сега да јадеме торта. –
одговара Ана повторно обидувајќи се да ја смени темата на разговор.
- Тогаш да ви ја
раскажам! – извикува синот.
- Јади торта! – извикува
Ана со повисок тон.
- Ана, те молам смири
се. Денеска му е роденден, денес нема караници и расправии. – реагира таткото.
Дедото воздивнува, сфаќајќи
дека на Ана и’ стануваат
јасно за што станува збор.
- Тато, може ли тогаш на
тебе да ти ја раскажам приказната, штом мама не сака? – прашува синот.
- Се разбира сине мој.
Ајде, те слушам. – дава одобрение таткото.
- Си било едно девојче. Кога
и’
било роденден, мајка и’ станала многу рано за да и’ направи роденденска торта. Кога се разбудило девојчето
од спиење, на масата била поставена тортата, а до неа спакуван подарок.
Девојчето без да обрне внимание на тортата, веднаш го отворило подарокот.
Внатре имало плишено мече. Кога девојчето го отворило подарокот и го нашло плишеното
мече, се налутило на своите родители бидејќи очекувало како роденденски подарок
да ја добие куклата која ја видело на излогот на една продавница и толку многу
ја посакувало што секој ден плачело по неа. Девојчето било луто и не сакало да
ги дувне свеќичките на тортата во чие правење мајка и’ вложила толку многу труд. Од лутина, на плишеното мече
веднаш ги извадило копчињата кои ги претставувале очите на мечето и го фрлило
во корпата за отпадоци, незнаејќи дека таткото одел и во продавницата каде што
се продавала и посакуваната кукла, но била прескапа и за парите што ги имал го
купил тоа плишено мече. Толку било луто што дури не сакало да ги дувне
свеќичките, ниту пробало од роденденската торта. Ех, камо да знаело дека
тортите направени од мајките се поубави од тие што ги купуваме. – синот ја
раскажува приказната.
- Толку било луто што не
сакало ни свеќичките да ги дувне? – прашува таткото.
Синот климнува со
главата додека јаде торта.
- Дедо, дедо? – извикува
синот со полна уста.
- Не зборувај со полна
уста! – извикува Ана со малку повисок тон.
- Ана, те молам. Остави
го, денес му е роденден. – повторно таткото ја смирува ситуацијата.
- Во право е мајка ти,
не треба да зборуваш додека јадеш. Прво голтни, па потоа зборувај. – дедото го
советува внукот.
- Еве го изедов целото
парче торта. – извикува синот подавајќи ја чинијата кон Ана.
- Сакаш уште торта? –
прашува Ана.
- Не. – одговара кратко
синот.
- Ајде внучко, кажи што
сакаше да кажеш на дедо, па ќе одам да ја прошетам Бела. Чичковците полицајци
ни дозволуваат во овој дел од денот да ги прошетаме кучињата. – вели дедото.
- Дедо, па јас заборавив
што сакав да ти кажам. – изговара внукот со тивок и тажен глас.
- Добро тогаш. Можеби ќе
ти текне во текот на денот, па вечерва ѕвони на дедо, повторно ќе си
разговараме јас и ти. – одговара дедото.
Во тој момент Ана ги
раскрева празните чинии од изедните парчиња торта и ги вади свеќичките од роденденската торта.
Синот погледнува и веднаш му текнува што сакаше да каже на својот дедо.
- Дедо, дедо. Чекај уште
малку, ми текна што сакав да те прашам. Колку свеќички имало на роденденската
торта на девојчето кое не сакало да ги дувне? – прашува внукот.
- Шест. – изговара Ана воздржувајќи се да не пушти солза.
- Да, шест. – одговара
дедото.
- Мамо, ти си ја знаела
приказната? – прашува синот.
- Неее, само ги броев
свеќичките на твојата торта. – се обидува да прекрие Ана.
- Лажга! Лажга! Мојата мајка е лажга! Ја
знаела приказната! Ја знаела приказната за девојчето! - со шеговит тон
потпевнува синот.
- Ех, камо среќа да беше
само приказна... – си прошепотува дедото од другата страна на камерата.
КРАЈ
Ликовите и ситуациите се случајни.
Автор: Роберт
Крстевски
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
„Роденденска торта, направена од мама“ е продолжението на „НАЈСТУДЕНАТА ЗИМА ВО МОЈОТ ЖИВОТ“.
Ако го немате прочитано првиот дел, кликнете на ликот подолу.
БЛОЖИЌ #9 - Најстудената зима во мојот живот [прв дел] |
Ако го немате прочитано вториот дел, кликнете на линкот подолу.
БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел] |