Post Page Advertisement [Top]


Во ова издание на #ОстаниДома имате можност да дознаете како се приготвува едно од моите омилени пролетни јадења. Имено, станува збор за солена торта со спанаќ. Доколку се почувствувате стрвни читајќи ја оваа објава, маската на лице и правец кон супермаркетите да ги набавите потребните намирници. [пс. Доколку во тек е полициски час, почекајте до утре 😜]

Потребни состојки:
- 4 јајца
- 150 ml. зејтин
- 250 ml. кисело млеко
- 100 g. сирење
- 150 – 200 g. брашно
- 1 прашок за пециво
- 10-15 исецкани листови спанаќ
- сусам

 Начин на подготвување:
- Се кршат јајцата во подлабок сад, се матат рачно.

 - Се додава зејтинот и киселото млеко. Се промешува.

 - Се додава сирењето и повторно се промешува.


 - Потоа се додава спанаќот и повторно се промешува.


Го додаваме брашното.


Го додаваме и прашокот за пециво и мешаме додека смесата не се соедини.


Калапот го подмачкуваме со зејтин и брашно и ја истураме приготвената смеса во истиот.


 - Го додаваме сусамот. Се пече околку 30-тина минути на температура од 200 степени.

 - За конзумирање, лично јас го преферирам изладено ова јадење, но може да се послужи и топло.








Добар апетит


УШТЕ РЕЦЕПТИ

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib