Post Page Advertisement [Top]


Во втората специјална објава од роденденската седмица ви се обраќа лицето кое прво се појави на блогот со фотосесија во декември 2014. Веќе знаете дека станува збор за Сара Гаврилова и во продолжение таа ќе ги „прочешла“ сите нејзини фотосесии во текот на изминатите шест години од шминкерски аспект. Уживајте!  пс. Не заборавајте да се вклучите во нејзиниот GIVEAWAY,  а повеќе информции ќе најдете во вметнатиот инстаграм  пост што ќе го најдете на крајот на оваа објава.



Сара: Ваквиот тип на шминка ми буди носталгија за тоа како најобично се шминкав порано. Вообичаено ставав само ајлајнер, малку пудра, можеби малку руменило и секако темен кармин (како без тоа 🤣). Ми се допаѓа тоа што секогаш се обидував карминот да ми се согласува со облеката, но не ми се допаѓа тоа што веѓите ги правев тенки и неприродни, ама секако тогаш го немаше трендот на 'bushy brows'.



Сара: На оваа фотографија типот на шминка е исто така едноставен - eyeliner & bold lipstick (my signature sign 😂😅). Тука исто така сфатив дека ставањето бел ајлајнер на внатрешната линија во очите го отвора окото дополнително. И како што гледате сум пробала малку да контурирам. Единствено што не ми се допаѓа се повторно веѓите, многу ми се текни иако многу луѓе ми кажуваат дека такви најдобро ми стоеле. Што мислите вие?



Сара: Тука сум отишла целосно natural како што можете да видите, немам ајлајнер и целиот фокус е на карминот. Единствено што би додала е можеби повеќе сенка на очите и силни контури.



Сара: Овој период веќе почнав да експериментирам со сенки и секако, се' уште користев aјлајнер. Ми се допаѓа природниот изглед и тоа што бојата на карминот ми одговара со косата. Исто така ми се допаѓа што сум почнала да ги цртам веѓите малку подебели, единствено што би сакала да сменам тука е контурите да бидат поистакнати.



Сара: Wow, can my eyebrows always be like this? 😍 Повторно природен изглед со bold lips. Би сакала да знаев да контурирам тогаш, лицето би ми било подефинирано и истакнато. Но, секако и вака е супер. Природата е поистакната, а не јас. 😂




Сара: Тука се веќе почетоците на мојот makeup artistry. Веѓите повторно преубави 😍. Сум пробала вид на brown nude сенки и кармин. Тука знам дека ја користев мојата прва да речеме 'high-end' палета со сенки на Morphe Bronzed Mocha. Brings back a lot od memories I still keep it in my kit. I love this look.



Сара: Ова е една од фотографиите од последната есенска фотосесија. Повторно имам избрано browntoned eyeshadows, но овој пат rose liquid matte lipstick. Да ви кажам една тајна, до пред некој месец не користев ајлајнер можеби неколку години по ред, користев само сенки. Почнав да го мразам ајлајнерот, а ги обожавав сенките. Почнав да мислам дека ајлајнерот го одзема вниманието од сенките, но сега повторно почнав да го фаворизирам него. Исто така ретко користам rose toned lipsticks, ама тука сум била 'why not?' што ретко се случува. Носам и вештачки трепки, од овој аспект би сакала само да не сум ги одбрала баш тие,  на Ardell demi whispies. И не ми се допаѓаат како стојат, сега преферирам bold eyelashes кои го издолжуваат окото.



Сара: Знаеме дека оваа шминка е фотошоп, но сакавме да испробаме нешто футуристичко и испадна многу добро. Всушност, многу интересно изгледа ваквиот тип на lipstick. Што мислите вие? Би носеле ли ваков кармин на јавни места?

(досега необјавена на блогот)


Сара: Ова е мојата најомилена шминка од сите наши фотосесии. Bold smokey eyes and bold lips се едни од моите омилени изгледи. Овдека ја користев палетата Dark arts нa Jaclyn Hill & Morphe. Знам ми стигна дента пред да се фотографираме и едвај чекав да ја испробам, незнаејќи дека е малку тешко да се работи со неа. Ми отпадна раката во блендање, но вредеше. Единствено што би променила е начинот на кој сум си ги нацртала веѓите тука, ги носам поприродни сега. И за крај да ве потсетам да се вклучите во GIVEAWAY на следниот инстаграм пост:







🎁GIVEAWAY🎁 . Знаете и сами колку обожавам шминка и испробувам различни видови шминка цело време. Па со цел да ви ги разубавам деновите во карантин решив да подарам сет од неколку шминки кои што верувам ќе ви се допаднат. . Сетот се состои од: Anastasia Beverly Hills 2 matte liquid lipsticks ( Stripped & Heathers) , ELF Mineral infused face primer, Cover FX glitter drops Mirage, Makeup obession Pore reducing primer. . Се што треба да направите e: 1. Follow @sarag_mua 2. Like на сликата 3. Тагнете пријателка во коментар (Може да напишете повеќе коментари се додека тагнувате различни луѓе) ✔ Доколку не бидат исполнети правилата, нема да бидете избрани. I'll be checking. . Една девојка ќе биде избрана по случаен избор за 7 дена (на 1.5.) и објавена на мое story. GOOD LUCK ❤
A post shared by Sara Gavrilova | Makeup artist (@sarag_mua) on



ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:

БЛОЖИЌ #30 - Како да се нашминкате за новогодишната ноќ?


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib