БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2020).
Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.
Сара Гаврилова досега
имавте можност да ја видите во многу објави на овој блог, но овој Бложиќ е поразличен
од се досега. Таа ви се обраќа во продолжение и дава предлози каква шминка да
одберете за најлудата новогодишна ноќ. Уживајте!
Сара: Шминката е нешто во кое уживам, на кое најмногу пари трошам и нешто со што би сакала да се занимавам еден ден. Во продолжение ќе видите како јас би се нашминкала за новогодишната ноќ, а доколку имате прашања или пак нешто не ви е јасно, може да ми се обратите на мојот инстаграм профил @saragavrilova.
1. Веѓи: За
исцртување на моите веѓи го употребувам моливчето Graphic
brows на Zoeva (Cinereous – боја која одлично одговара за бринети), а потоа ги
сетирам со 24-HR Brow Setter кој ми е омилен и прави веѓите да не мрднуваат дури 24 часа.
2. Веднаш потоа почнувам
со очите и го користам прајмерот Mac
Paint Pot – Painterly. Замена за овој и
мој втор фаворит е Potion primer на Urban decay.
3. Го сетирам прајмерот со сенка во месо боја, овој пат ја користам сенката Rollin’ in dough од палетата Chocholate gold на Тoo faced.
4. На очите користам сенки од една од моите најомилени плаети, тоа е The Jaclyn Hill palette. Matt боите во оваа палета се сон, можете да ги блендирате многу лесно, а metallic боите најубаво се нанесуваат со прст доколку сакате да бидат најистакнати или пак со четкичка и фиксатор.
5. За прајмер за да ги пополнам порите и да ги направам невидливи го користам Benefit Porefessional само во T-зоната. Во останатите делови од лицето го користам прајмерот на Make up forever nourishing primer којшто е прекрасен за зимата бидејќи ја хидрира и измазнува кожата.
6. За коректори користам
два, првиот е еден од моите омилени брендови Jouer essential
coverage concealer кој има огромна
покривност и ви треба многу малку за да ги покриете несовршеностите на вашето
лице. Јас конкретно го користам под очите, бојата која ја користам е Chiffon.
Потоа ставам малку од Giorgio Armani power fabric на средината на носот, малку на челото и брадата. Овој
коректор е многу лесен и ми се допаѓа затоа што не се чувствува на кожата, но
за разлика од Jouer нема
поголема покривност.
7. За пудра ја избрав YSL
– All hours foundation - мојата најомилена пудра. Го измазнува лицето како
ниедна друга и се уште немам најдено подобра замена и покрај тоа што константно
пробувам нови пудри. Ја користев бојата B30 Almond.
8. За да го сетирам лицето користев setting powder на Beauty bakerie и ја сетирам со туферче лесно притискајќи ја на кожата. Оваа техника помага во тоа пудрата да трае многу подолго дури и над 10 часа. Исто така за да трае шминката подолго, пудрата ја нанесувам во четка, а исто така и коректорот бидејќи не се влажни, а на пример влажното сунѓерче прави кожата полесно да се масни и надодава непотребна хидратација.
9. За хајлајтер се одлучив за Jouer Molten gold –
еден од омилените. Други омилени ми се Artist
couture-Illuminati, Ofra-Rodeo drive, BPerfect-Sub zero palette, Wet'n wild
mega glow во комбинација со течен
хајлајтер. Кога сме кај течните хајлајтери, омилен ми е Moonlight od Cover fx custom
enhancer drops.
10. За контурирање ја користам палетата на Freedom-Pro strobe palette.
11. Како бронзер го користам еден од моите омилени Hoola bronzer на Bemefit. Други омилени ми се Butter bronzer на Physicians formula и Brilinace bronzer на BH cosmetics.
12. Како руменило го користам Dandelion од Bemefit и секако омилено ми е. Ги обожавам и руменилата од Mac Warm soul.
13. Потоа правам buffering користејќи ја Hourglass ambient palette која е прекрасна доколку ја користите пред да се фотографирате бидејќи го истакнува лицето и го прави да изгледа како „фотошопирано”.
14. За setting
spray го користам Morphe x Jeffree Star set
and refresh mist. Исто така ги
препорачувам и Urban decay - All nighter и Scandinavia The makeup finishing spray
Bridal кои прават шминката да издржи многу
подолго време.
15. Тука користам ладало за да може да се впие побрзо. Ова конкретно го нарачав од AliExpress и сум презадоволна.
16. Потоа продолжувам со прајмер за трепки и маскара. Го користам прајмерот Mac false lashes maximizer и маскарата Bad gal Bang на Benefit.
17. Кој ме знае, знае дека моите омилени кармини се Velour liquid lipsticks на Jeffree Star. Тие се предобри и воопшто не се чувствуваат на усните. Тука ја користам нијансата Wifey.
18. Ги вметнувам трепките. И ова е финалниот изглед доколку не сакате нешто по „уау“ или повпечатливо.
19. За погламурозна шминка препорачувам и користам metallic сенки од Too faced chocolate gold палета, нијансите се Chocolate gold и rich girl.
20. И за крај, за тие што се склони кон користење светки once in a while, овие ги нарачав од AliExpress и навистина ми се погодија, марката е Hang fang.
УШТЕ ОД БЛОЖИЌ 2019/2020:
БЛОЖИЌ #35 - Божиќ со Клаудија и Никола |
БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел] |
БЛОЖИЌ #33 - #ТинЛексикон со мистериозната тинејџерка |
БЛОЖИЌ #32 - Среќна Нова 2020 година |
БЛОЖИЌ #31 - Најдоброто од 2019-та |
БЛОЖИЌ #30 - Како да се нашминкате за новогодишната ноќ? |
БЛОЖИЌ #29 - „ЕДНА СКАЗНА“ - инстаграм профил на годината [@ednaskazna] |
БЛОЖИЌ #28 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ! |
БЛОЖИЌ #27 - „Ловецот на ѕвезди“ [Давид Георгиевски] |
БЛОЖИЌ #26 - Каде да се фотографирате во Крива Паланка? |