Post Page Advertisement [Top]


БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2020).  

Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


Ден по ден, месец по месец, објава по објава ја завршуваме и 2019-та и време е да ги издвоиме содржините кои предизвикаа најголем интерес  како и најдобрите фотографии кои ги направивме во текот на изминативе дванаесет месеци. Сакам да искажам голема благодарност до  секој оној кој на некој начин придонел или бил дел од содржините во текот на годинава и секој оној кој барем еднаш кликнал да прочита некоја содржина и се надевам дека следната  година неочекуваат се подобри и поквалитетни објави. Доколку сакате можете  во коментар да ги посочите вашите омилени објави од 2019-та. Уживајте!

Кога велат дека љубовта победува се – не лажат. Најкликаната објава на годината е соработката со Клаудија и Никола која ја направивме по повод Денот на вљубените. Да живее љубовта!
14/02/2019

„Кога почувствуваме болка на некој дел од телото ние посетуваме лекар, но кога душата знае да заболи ние не одиме на психолог.“ Од колкава важност е посетата на психолог, односот психолог – клиент и за сите други табуа околу психологијата Стефани ни сподели како гостин во КП ликови по повод петтиот роденден на блогот. Еднa од најсериозните објави што се појавиле на овој блог и лично јас сум многу горд, ти благодарам Стефани. 
05/05/2019
Првичната замисла ни беше да направиме објава налик back to school, но храброста кај тинејџерките да застанат и да се борат против врсничкото насилство беше огромен поттик да направиме нешто многу посилно и посериозно. Добивме голема поддршка и се заблагодаруваме на секој оној кој кликна, сподели или пак имаше прекрасни зборови за она што сакавме да го кажеме со оваа објава. Специјална благодарност до сите наставници кои ги пофалија и поддржаа храбрите тинејџерки.
06/09/2019
  
Мој најголем успех е тоа што фотографијата која го краси албумот на Благој Ламњов – „Nostalgic Love“ е мое дело. Ти благодарам Благој за честа. 
28/07/2019

  5. с.ОСИЧЕ И НЕКОГАШНОТО УЧИЛИШТЕ
Нема поголемо задоволство од тоа после толку години заедно да ги посетиме местата каде што баба ми го поминала своето детство. Среќа“. – ова го пишува во самата објава, се цитирам и сега бидејќи навистина тој ден беше толку специјален за мене и сигурно еден од деновите по кои ќе ми остане во сеќавање 2019-та година.
25/10/2019

6. БЛОЖИЌ #24 - МАРТИНА ВЕЛИЧКОВСКА
Мартина беше дел од минатогодишниот Бложиќ и близу година дена објавата за овој млад научник останува една од најчитаните објави за 2019-та. 
05/01/2019 

7. БЛОЖИЌ #25 - ДОНА МИТРОВСКА

“Од Русија до Америка преку Крива Паланка“ –  вака го дефиниравме минатогодишниот Бложиќ, а Дона беше задолжена да ни раскаже за животот во Русија, поточно Санкт Петербург. Исто така и оваа објава од минатогодишниот Бложиќ влегува во седумте најчитани објави за изминатава година. 
03/01/2019

8. КП ЛИКОВИ - ДЕЧКОТО СО 100ЈАДИНЕЦОТ
Филип Димоски и „100јадинецот“ застануваат на осмата позиција најпосетувани објави на годината. 
06/07/2019

9. НА СИМИТ СО БОЈАНА МАЏОВСКА
Најискреното и најлично интервју што некогаш го имам направено е токму ова. Ти благодарам Бојана за искреноста.
20/08/2019

 10. #ТИНЛЕКСИКОН СО АНА
#ТинЛексикон е дефинитивно рубриката на годината која го слави тинејџерството во последната тин година на овој век. Сето тоа започна во јануари со зимските фотографии и омилените нешта на тинејџерката Ана Георгиевска.
18/01/2019

11. #ТИНЛЕКСИКОН СО САРА НИКОЛОВСКА
Сара Николовска беше втората личност која се придружи на #ТинЛексикон и се појави во најмногу (шест) објави од оваа рубрика.
17/05/2019

12. #ТИНЛЕКСИКОН: ЛЕТО СО САРА НИКОЛОВСКА
Уште една објава со Сара Николовска влегува во најпрегледуваните објави на годината.
16/07/2019

13. #ТИНЛЕКСИКОН: ВЕЛОСИПЕДИЗАМ СО ЕВГЕНИЈА, ВИКТОР И АНДРЕЈ
Декември, а и крајот на годината го обележаа тин велосипедистите од Крива Паланка и нивната посветеност кон велосипедизмот.
01/12/2019

14. БЛОЖИЌ #28 - НЕ ФРЛАЈ ПЕТАРДИ!
Објава од овогодишниот Бложиќ исто така се најде на оваа листа. Застанавме против пукањето петарди, со порака да ги заштитиме животните и да се заштититме себеси заедно со тинејџерите од Крива Паланка и кучето Буба.
21/12/2019

15. LEMONADE
Една од моите најомилени објави ја завршува листата најпосетувани содржини на блогот за 2019-та.
04/08/2019

 *ОМИЛЕНА ОБЈАВА - ULTRAVIOLENCE
Оваа година мој личен фаворит што вреди да се спомене во оваа објава е ULTRAVIOLENCE. Вие вашите омилени објави од блогот можете да ги напишете во коментар.
10/10/2019


ФОТОГРАФИИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2019-ТА:










                                           

































































































































































УШТЕ ОД БЛОЖИЌ 2019/2020:

БЛОЖИЌ #35 - Божиќ со Клаудија и Никола

БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел]

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib