Бојана Маџовска има 26 години и годинава се навршуваат десет години откако со своето семејство ја напушти родната Крива Паланка и се пресели во Америка. После колку сонување американскиот сон (и дали воопшто) станува реалност и како изминатите десет години ја променија оваа кривопаланчанка ни открива на првата „симит средба“ на овој блог.
Бојана: Во 2008-ма аплициравме, но бевме одбиени од Американската амбасада и се помиривме со фактот дека продолжуваме со животот во Македонија. Меѓутоа, следната година, во пролетта на 2009-та добивме зелено светло да се подготвуваме и да купуваме билети за „новиот живот“.
Бојана: Јас прва година средно учев во Крива Паланка и се сеќавам на последниот класен час 10-ти јуни 2009. Класната на целиот клас им соопшти дека од септември веќе нема да бидам дел од тој клас и сите се свртеа кон мене, а мене ми се насолзија очите.
RK: Како се чувствуваше денот кога заминавте и како изгледаше почетокот на новиот живот низ призмата на тогашната Бојана?
Бојана: Јас бев само шеснаесет години и најмала од сите членови во семејството. Како се чувствував... Мислев дека тешко ќе се прилагодам на американскиот начин на живот, но се прилагодив без никакви потешкотии.
RK: Дали имаше нешто за кое мислеше дека нема да ти претставува проблем, а всушност си наишла на потешкотии справувајќи се со истото?
Бојана: Да, мислев дека знам англиски јазик и дека нема да имам проблеми со комуникацијата. Всушност, јас ги разбирав се што ми зборуваа, но имав потешкотии кога јас требаше да одговорам.
RK: Кои беа првите моменти кога ти недостасуваше Крива Паланка?
Бојана: Баш во тој период 2009-та популарна беше Stereo love песната и кога ја слушав си помислував ех сега да бев излезена со друштвото од родниот град...
RK: Како продолжи со училиштето во новата околина?
Бојана: Продолжив со средното образование нормално како и сите мои врсници таму. Различен беше само часот по англиски јазик. Јас ги посетував часовите по англиски за ученици на кои англискиот им е втор јазик т.е имаат потешкотии со јазикот. Во групата имаше и други соученици од Македонија кои исто така беа преселени таму.
RK: Како реагираа луѓето кога има кажуваше дека си од Македонија? Дали знаеја каде се наоѓа? Раскажи ни ако има некои интересни ситуации.
Бојана: Имам еден другар кој секогаш се шегува и наместо Македонија ми вика: „Кога ќе одиш во Махадевија?“ Генерално не знаат каде се наоѓа, кога им спомнеш Југославија или пак им кажеш дека граничи со Грција тогаш климнуваат со глава.
RK: Како се справуваше на почетокот кога покрај училиштето започна и да работиш?
Бојана: Во почетокот, кога бев шеснаесет години покрај училиштето работев и во еден синџир на продавници за слатки и кафе. Колегијалноста меѓу вработените е на највисоко ниво. Тоа подразбира дека ако нешто ми пречи кај некој повозрасен од мене слободно му давам до знаење, не си приморан да трпиш заради почит. Наутро од осум до три бев на часови, потоа од пет до девет или до полноќ на работа. Напорно е, но не можеш да опстанеш ако не го практикуваш тој начин на живот.
RK: Што ти беше најчудно во врска со Американците?
Бојана: Нивната вештачка насмевка, која за жал денеска и јас ја имам.
RK: Дали можеме да кажеме дека Балканците се поискрени од Американците?

Бојана: Кај Американците е учтиво да те прашат како си, дали си добро, кисело да ти се насмевнат и слично. Но, воопшто не им е грижа. Таму си приморан да покажеш емоции кои ги немаш или да ги прекриеш емоциите кои ги имаш. Додека пак Балканците се пореални, но пак кај нив негативните емоции се поизразени. Во смисла секогаш се жалат, секогаш нешто им недостасува...
RK: Што е Америка? Дали го живееш американскиот сон?
Бојана: Дали го живеам американскиот сон? Јас би рекла дека ја живеам американската реалност. Еден цитат од Буковски кажува се:
RK: Како американското општество ве промени вас како семејство?
Бојана: Како целина станавме поблиски, а како индивидуи секој си тргна по свој кариерен пат за да се реализираме најдобро што можеме во американско општество.
RK: Како американското општество го третира младиот човек?
Бојана: Системот е таков што секој млад човек е упатен да се изгради себеси во самостојна личност, да води свој живот и да не зависи од никој друг. На пример, најчесто младите Американци избегнуваат партнери кои живеат со родители и после дваесетата година. Не е работата во тоа дали ги сакаш и почитуваш родителите или не, туку во тоа ти да се оствариш како личност.
RK: Колку време ти беше потребно да се почувствуваш дека припаѓаш во тоа општество?
Бојана: Сигурно некои пет-шест години, може би кога завршив со универзитет. Сфатив дека всушност сите луѓе во Америка се иселеници, сите се дојдени таму и јас сум всушност како нив.
RK: Каков беше твојот универзитетски живот?
Бојана: Јас завршив биохемија, до крајот на годината треба да магистрирам. Инаку јас универзитетот го доживувам како „средно училиште на стероиди”. Во смисла се е исто како и во средно – покрај предавања, секојдневно имаш активности, домашни задачи, проекти и секое твое дејство ти влијае врз оценката, финалниот тест е само 25% од крајната оценка.
RK: Дали најде искрен пријател во американското општество?
RK: Што е Америка? Дали го живееш американскиот сон?
Бојана: Дали го живеам американскиот сон? Јас би рекла дека ја живеам американската реалност. Еден цитат од Буковски кажува се:
„Како по ѓаволите може човек да ужива да го буди алармот во 6.30 часот наутро, да скокне од кревет, да се облече, сосила да јаде, да оди во ве-це, да ги измие забите и косата и да се бори со гужвата во сообраќајот, за да стигне на место каде во суштина ќе прави многу пари за некој друг и на крај да биде благодарен за оваа можност?“Тоа е Америка. Една монотонија која балканскиот менталитет не знае колку е токсична.
RK: Како американското општество ве промени вас како семејство?
Бојана: Како целина станавме поблиски, а како индивидуи секој си тргна по свој кариерен пат за да се реализираме најдобро што можеме во американско општество.
RK: Како американското општество го третира младиот човек?
Бојана: Системот е таков што секој млад човек е упатен да се изгради себеси во самостојна личност, да води свој живот и да не зависи од никој друг. На пример, најчесто младите Американци избегнуваат партнери кои живеат со родители и после дваесетата година. Не е работата во тоа дали ги сакаш и почитуваш родителите или не, туку во тоа ти да се оствариш како личност.
RK: Колку време ти беше потребно да се почувствуваш дека припаѓаш во тоа општество?
Бојана: Сигурно некои пет-шест години, може би кога завршив со универзитет. Сфатив дека всушност сите луѓе во Америка се иселеници, сите се дојдени таму и јас сум всушност како нив.
Бојана: Јас завршив биохемија, до крајот на годината треба да магистрирам. Инаку јас универзитетот го доживувам како „средно училиште на стероиди”. Во смисла се е исто како и во средно – покрај предавања, секојдневно имаш активности, домашни задачи, проекти и секое твое дејство ти влијае врз оценката, финалниот тест е само 25% од крајната оценка.
RK: Дали најде искрен пријател во американското општество?
Бојана: Да, на почетокот како што кажав бев главно во комуникација само со Македонци, но подоцна почнав да се дружам и со Американци. Мојата најдобра другарка е Американка којашто многу ми има помогнато и сум и многу благодарна за се што има направено за мене.
RK: Колку е различна Америка од Обама до Трамп? И дали политиката е толку навлезена во сите сфери на живеење како кај нас?
Бојана: Баш кога се преселивме го фативме заминувањето на Буш, потоа дојде Обама, па Трамп… Трамп направи рестрикции за мигрантите. Инаку постарите генерации сите се определени, но тоа нема никакво значење во ниту една друга сфера.
RK: Слободата во Америка – што имаш да кажеш на оваа тема?
Бојана: Секој има различна дефиниција што подразбира под терминот слобода. Никој не осудува никого. Но на пример, на час ако прашаш професор дали можеш да пишуваш со пенкало, ќе ти одговори дека може, но само ако текстот што го пишуваш е напишан со молив. Значи може, ама всушност не може.
RK: Некоја интересна случка со Македонци во Америка да ни раскажеш?
Бојана: Еднаш ја перев колата и од страна тројца Македонци си зборуваат, а јас ги слушам. Инаку јас не изгледам како типична Македонка и не помислуваа дека ги разбирам. Разговорот беше нешто во смисла - „Гледајте како девојчето си ја пере колата, а не како во Македонија, жените не переле бла,бла...“ И мене ми фалеше железна паричка за да платам сушење, и им се приближувам, ги прашувам на македонски дали имаат и тие ме погледна збунето.
RK: Веќе десет години секое лето доаѓаш во родниот крај, што го прави поразлично секое следно враќање?
Бојана: Секое следно враќање се помалку и помалку сум возбудена. Некако и градот се празни од година во година, а и досадно ми станува и тие неколку дена што морам да ги поминам тука.
RK: Дали денес би се пронашла во македонското општество?
Бојана: Не, мислам дека не бидејќи ме фрустрираат многу работи. Се повеќе и повеќе сум различна и се помалку имам исти размислувања со пријателите со кои и денес сум во контакт од Крива Паланка.
RK: Дали си среќна со американскиот начин на живот и дали има нешто од македонското општество што ти недостасува?
Бојана: Задоволна сум, а од македонскиот живот ми фали лежерноста и мирниот живот. Во Америка сите ги обединува едно нешто, а тоа е стресот.
RK: Овие десет години како те променија како личност?
Бојана: Константно се гордеев со тоа што сите ми викаа дека сум иста како порано и дека ништо не сум променета. Но, подоцна сфатив дека всушност суштината на животот е токму во промената. Да дејствуваш, да комуницираш, да се градиш себеси како личност, да се адаптираш на новите нешта кои доаѓаат. Не си приморан да бидеш истата личност, учи, надоградувај се, созревај, креирај свој свет, но биди и свесен за тоа дека не може на секој да му се допаднеш. Самата се дистанцирав од луѓе кои ми го пореметуваа мирот и почнав да се чувствувам дел од средината каде што живеам.
RK: Што ти највеќе недостасува од Македонија и што секогаш правиш кога се враќаш тука?
Бојана: Секогаш кога се враќам, нормално покрај тоа што се гледам со пријателите и што го посетувам Осоговскиот манастир, највеќе уживам да седам дома на тераса пиејќи кафе и гледајќи го зајдисонцето. Инаку од Македонија ми недостасува ајварот и симитот хаха, што сега ќе го пробам после кој знае колку години.