Филип Димоски е 19-годишно
момче од Крива Паланка кое стои зад псевдонимот „Дечкото со 100јадинецот” на твитер. Повод
да е дел од ова јулско издание на КП ликови не е неговата твитер кариера туку „100јадинецот“ кој
често може да се забележи низ улиците на Крива Паланка и пошироко. Нешто повеќе
за овој ретро автомобил Филип ни споделува во продолжение.
RK: Која марка е автомобилот?
Филип: Yugo Skala 55
RK: Која е годината на производство?
Филип:
1972 година
RK: Колку години е во ваша сопственост?
Филип:
Автомобилот е купен од Загреб во 1990-та година. Од тогаш па до денес е во
наша сопственост. Им служеше како превозно средство на татко ми и дедо ми, а веќе
три-четири години го возам само јас.
Филип:
Љубител сум на олдтајмери, стари возила кои датираат уште од времето кога
не сум бил роден. Задоволството е огромно, искуството непроценливо.
Филип:
Мотор – 4 цилиндрични, 1.116 cm кубни; Моќност на мотор
– 55 коња; Mенувач – 4 степени; Забрзување од 0-100km/h за 16s; Mаксимална брзина
до 144 km/h. Го имам
тестирано до 130-140 km/h
на патот кон Ранковце.
RK: Како се менуваше низ годините самиот автомобил?
Филип:
Како старее, така се и менува. Не е премногу сменет поради тоа што не е бил
баш во константна употреба низ сите овие години, но нормално зачуван е и
одржуван со редовни сервиси.
RK: Колку често оди во посета на автомеханичар и кои се најчестите причини за самата посета?
Филип:
Просечно пет-шест пати годишно, но се зависи од дефектите. Најчести дефекти
што се случувале се кратките светла, лансерот, ламелата, заден лев штоп,
позициите напред, трепкачи, ракетата...
RK: Каде се имаш поминато со автомобилот?
Филип:
Дедо ми и татко ми го имаат возено автомобилот низ цела Македонија. Додека
пак јас имам поминато низ цела Крива Паланка и околината, Свети Николе, Лозово
(Велес), Штип, Пробиштип, Кратово...
RK: Дали некогаш на половина пат се имате соочено со некој проблем во врска со возилото?
Филип:
Не, освен со температурата на возилото. Но, тоа е нормално, се зависи од
тоа какво е времето.
RK: Кои се предностите, а кои недостатоците кога станува збор за употреба на ова возило?
Филип:
Автомобилот може да се вози локално и на некои поблиски места до градот, за
своја потреба. За некои тоа е предност, за други недостаток. Заради самата
старост на возилото, не е за употреба на подолги патишта. Ризикот, во секој момент да се случи некој дефект, е
голем.
RK: Каква е реакцијата на луѓето кога ќе го забележат ова возило бидејќи веќе ретко низ улиците се среќаваат вакви автомобили?
Филип:
Искрено не знам, можеби им изгледа чудно. Повозрасните сигурно се
воодушевуваат дека се уште постојат вакви возила, зачувани од времето на
Југославија.
RK: Има ли некои интересни ситуации поврзани со оваа „Стојадинка“?
Филип:
Има повеќе. Еднаш се има запалено моторот поради голем товар на удолница. На пат кон Свети Николе пред бензинска пумпа се дупна едната гума во
тек на возење со мала брзина. На стрмнина накај едно село, се исфрли целата
вода од ладилникот. Сега возилото е на плин, но порано кога беше на бензин, од
резервоарот беше изваден бензинот и два пати се има случувано да остане без гориво на половина пат.
RK: Дали до сега сте размислувале за продавање на автомобилот или пак е имало ситуации во кои е било барано да се купи возилото, но сепак не сте го продале?
Филип:
Немаме размислувано за продавање. Автомобилот беше баран два пати, но не вреди да се
продаде поради тоа што има вградено атестиран плин во него.
Филип:
Најверојатно купување на нов автомобил.