Празникот на љубовта го
прославуваме со љубовта и музиката на еден од најубавите парови. Погледнете, прочитајте и почувствувајте ја емоцијата која Клаудија и Никола ја
доловуваат во оваа објава по повод Денот на вљубените.
Што претставува љубовта за
вас?
Љубов е првата личност на
која ги споделуваш убавите вести, љубов е првата личност на која сакаш да се
исплачеш, љубов е првата личност која сакаш да ја видиш кога ќе се разбудиш...
Љубовта е една целина од две души.
Во почетокот на секоја љубов светот е розов. Тоа е она заљубување кога
ги гледаш само розите, но вистинскиот преод од тој розов свет кон она
вистинското значење на зборот „љубов” се искушенијата при соочување со трновите
на таа роза.
Конфликт VS Компромис?
Љубовта се зацврстува преку константната војна на
конфликтот и компромисот. Мора да има конфликт за да се направи компромис и
решението на секој конфликт е самиот компромис. Настрана од тоа дали ѕвездите
се совпаѓаат или не, се е до карактерот на индивидуите и мораш да покажеш
разбирање и за другата единка. Кога двете страни успеат да си ги надополнат
празнините едни во други и се совпаднат духовно тогаш љубовта влегува во
рајската градина.
Колку е тешко/лесно да /научиш
да/ правиш компромиси?
Како и за секое друго нешто
во животот, така и во љубовта ништо не се создава толку лесно. Треба време да
се научиш секоја емоција да ја сместиш на најдоброто можно функционално место
во градот на вашата љубов. Дали ќе ја
упатиш секоја емоција на правилната адреса зависи од карактерот, возраста,
зрелоста... Се случува емоцијата да ја
упатиш на погрешна адреса и тогаш настанува конфликт. Но, конфликтот не е нешто
лошо. Ако се е супер и идеално тогаш сигурно нешто не функционира како што
треба.
Љубомора VS
Доверба?
Патот од љубомора кон доверба
е еден од најцврстите синџири на една љубов. Кога не дозволите љубомората да
премине во посесивност и научите да се справите со искушенијата кои ја градат и
зацврстуваат довербата тогаш сте на вистинскиот пат. Кај што има љубов постои и љубомора, но самите се учиме како да
ја трансформираме во доверба. Кога двете страни навистина ја достигнат таа трансформација секогаш останува онаа слатка
љубомора која ја зацврстува духовната конекција помеѓу единките.
Како другиот човек прави друг човек од тебе?
Другиот не прави друг човек од тебе. Ти сам созреваш,
сам учиш, сам растеш, сам се справуваш со предизвиците, сам постигнуваш успеси,
а другата личност само те комплетира. Пред се е важно и каква е таа личност,
дали ќе те исправи, дали ќе ти даде поддршка...
Некоја интересна ситуација од почетокот на вашата љубов?
Клаудија: Ептен на самиот почеток, поточно пред почетокот на нашата врска,
кога се уште само се допишувавме на социјалните мрежи, татко ми без да знае
случајно некаде се поздравил со Никола. За родителите ние секогаш ќе
бидеме деца, без разлика дали сме на петнаесет или педесет години, така
и татко ми секогаш ми велеше да бидам искрена со него за било што и да станува
збор. И така тој дома случајно се шегуваше дека токму некој музичар како Никола
би бил идеален избор за зет, да ни пее, свири и развеселува. И така случајно
нештата си го најдоа својот пат да се случат.
Колку е важно разбирањето на партнерот во врска со професијата?
Никола: Кога станува збор за
музиката, сфаќањето и прифаќањето на мојата професија од другата страна ми е од
голема важност. Оваа професија
подразбира патувања, често менување на распореди, отсуство од дома и
слично. Разбирањето и прифаќањето на мојот начин на работа ми е од голема
важност.
Клаудија: Всушност нашиот прв дејт беше на концерт на еден од најдобрите романтичари на овие простори, тоа е Оливер Драгојевиќ. Со неговите песни започна и нашата приказна.
Клаудија, која песна ја нарачуваш Никола да ја исполни за да се покаже во
најдобро светло?
Клаудија: Според мене најдобро му лежи
забавната музика, поточно баладите... Во таа ситуација сигурно тоа би било
некоја балада од Тоше Проески.
Никола, кои песни ти се допаднаа благодарение на Клаудија?
Никола: Порано не бев толку многу запознаен со дискографијата на Оливер
Драгојевиќ, откако сме заедно едни од најслушаните песни ни се токму од овој
кант-автор.
Со која песна ја расположуваш кога е тажна?
Никола: Ја расположувам со авторски песни хах. Во моментот смислувам нешто, што ми
дојде на ум. Генерално смешни стихови, детски песнички и слично.
Што претставува за вас Денот на вљубените?
Не чекаме понеделник да почнеме нешто ново, не чекаме лето да се стоплиме
така што не го чекаме 14-ти февруари да си покажеме колку значиме еден на друг.
Секој ден, секое слободно време ни е
Свети Валентин.
Со кои три песни би ја прикажале музиката на вашата љубов?
Тешко е да се издвојат само три песни, но нашата љубов совршено би била опишана доколку следниве три песни можат да се спојат во една:
- Rodja Raicevic - U tebe sam zaljubljen
- Лидија Кочовска - Ти си тој
- Eric Clapton - Wonderful tonight
- Rodja Raicevic - U tebe sam zaljubljen
- Лидија Кочовска - Ти си тој
- Eric Clapton - Wonderful tonight
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
ВАЛЕНТИН или ТРИФУН? |