Слушам како умира времето
Покрај лисјето што паѓа
и мразот што се фаќа за рацете
до каде сум стигнал
Тоа умира во сè што се раѓа
па вечно сум со него помал
макар за еден чекор
Есента е богата со соништа
иако понекогаш тажна
со водата што опаѓа
не се плови
Ноемвриските богати магли
со што ли ги дојат реките
По нивните плитки води
до каде ќе стигнам
Слушам како умира времето
Од есента во студот
останува еден плод
што праша со усните модри
кај ќе стигнам
„Балада за времето“ – Матеја Матевски
RELATED POSTS | ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Autumn 🍁 Есен 2020 |
Autumn 🍂 Есен 2018 |
Autumn's Palette 🍁
|