„Студент на ФИНКИ, со голема пасија
кон скејт и алтернативната култура. Computer geek кој својата кариера ја гледа
како програмер.” – вака е опишан денешниот соговорник - Лука Стојановски,
на изложбата „НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА“ по повод отворањето на EU house во Крива Паланка. Во продолжение запознајте се подобро со овој млад
кривопаланчанец. Уживајте!
RK: Здраво
Лука, како си? Какво влијание има врз тебе целава ситуација со карантинот
поради пандемијата? Како го доживуваш сето тоа?
Лука: Здраво Роби, добро сум. Да бидам искрен ситуацијата не ми влијае многу лошо, освен што ми фалат другарите од другите градови и животот во Скопје, другото е исто. Бидејќи имам повеќе слободно време решив да посветам малку повеќе внимание на себе и моето здравје, како на менталното така и на физичкото.
RK: Со оглед на тоа дека студираш на ФИНКИ, претпоставувам
дека преодот во онлајн настава не ви предизвика никакви проблеми. И покрај тоа
што си ентузијастички настроен кон компјутерите и технологијата – Дали имаше
момент во кој сепак ти дојде премногу сето тоа?
Лука: Секако. Поголем дел од денот го поминувам пред компјутер, дали тоа ќе биде учење, предавања, работа, играње игри итн. И поради тоа имаше повеќе периоди во кои решив да „заборавам“ на компјутерот и мобилниот. Ќе кажам и дека ова ми помина веќе во навика, не само што е подобро за моето здравје, почнав да уживам многу повеќе во надворешниот свет.
RK: Кога
сме веќе кај технологијата, кој е последниот нов gadget или некоја слична новост поврзана со
технологијата која си ја прочитал и вреди да се сподели?
Лука: 360° Action Camera. Не е најнова иновација, но во иднината верувам дека највеќе ке се користи.
RK: Која
е твојата омилена технолошка марка?
Лука: Samsung.
RK: iOS
или Android? И
зошто?
Лука: Android, бидејќи дава многу поголема флексибилност, функционалност и слобода на избор и поедноставен за работа.
RK: Да
преминеме на тема скејт. Последните
години скејт културата во Крива Паланка е во експанзија. На што се должи сето
тоа?
Лука: Алтернативен спорт е интересен за гледање, по што многу
млади би сакале да пробат и да видат какво е чувството да се скејта. Исто така
и ние скејт-тимот сме „виновни“ за сето ова, бидејќи на некој начин сме
пионери на скејт културата тука. Ќе кажам дека голема улога имаат и социјалните
мрежи.
RK: Лично
кај тебе, кога се појави и како се развиваше интересот кон скејтањето?
Лука: Отсекогаш ми беше интересно скејтањето, дури и од мали нозе кога седејќи се возевме со другарите низ маало. Страста кон скејт културата почнав да ја развивам во средно, преку гледање YouTube видеа, скејт филмови, натпреварувања итн. За прв пат почнав да скејтам во 2018-та летото.
RK: Се
сеќаваш ли на твојот прв скејтборд?
Лука: Секако, обичен комплит за почетници. Поминав дури и цела година на него и уште ја чувам даската.
RK: За
скејтање е потребно желба и скејтборд. Кога веќе желбата ја имаме, како да го
избереме правилниот скејтборд?
Лука: Сите скејтери имаме различни преференции, некој сака различна
форма на даска, пошироки осовини, помали тркала... кај секој е различно. За
почетник би препорачал комплит од скејтшоп. Со тоа ќе бидете осигурани дека се
избрани најдобрите делови за да биде составен комплитот, но и ќе ја поддржите скејт културата
и скејтшопот чиј сопственик најчесто е скејтер.
RK: Каков скејтборд имаш во моментов, а каков посакуваш да имаш?
Лука: Даската ми е од XMKD и е Pro модел на скејтер од Македонија, осовините исто така ми се од таму, тркалцата се Spitfire, Film Raws лагери.(XMKD e скејт продавница која се наоѓа во Скопје). Би сакал да имам даска од Dylan Rieder од компанијата FA(F**king Awesome).
RK: Имаш ли омилени скејтери кои ти се инспирација?
Лука: Искрено не можам да одберам омилени, но ќе набројам неколку од кои добивам инспирација: Louie Lopez, Dylan Rieder, Sean Pablo, Didrik Galasso, Kevin Rodrigues и многу други.
RK: Има ли иднина скејтањето? Какво е твоето гледиште?
Лука: Да, како што и сами можете да видите по социјалните мрежи, младите се повеќе и повеќе се заинтересирани за скејтањето, што е добро за иднината. Скејтбордингот е „необичен“ спорт со кој многу луѓе не се запознаени, по што следат и разни предрасуди. Но, со тек на време мислам дека ќе биде прифатен и во нашата држава како и секој друг спорт.
RK: Да
позборуваме малку на тема миленици. Имаш
куче, како се вика и колку години има?
Лука: Лили, мислам дека е околу 7 месеци.
RK: Како
ја вдоми Лили и како ти го промени животот?
Лука: Лили често поминуваше на плоштадот каде што скејтаме со другарите и таму ја чувавме неколку дена. Еден ден на враќање од скејтање, ја видов пред зградата кај што живеам и решив да ја вдомам. Од тој ден па наваму Лилика е мојот извор на среќа. Би предложил на секој што сака да чува милениче да вдоми некое кученце или маче од улица бидејќи се преслатки и премили. Отсекогаш имав желба да чувам кученце, но бев со разни изговори дека немам услови, место или слично и еве сфатив дека ништо од тоа не е точно.
RK: Браво! Секако дека вдомувањето миленик е убаво дело, но прибирајќи го од улица е уште похумано. Нешто за крај?
Лука: Уште неколку збора за миленичињата, секој вдомен миленик ќе
ви биде благодарен и ќе има бескрајна љубов кон вас, можам и да гарантирам дека
животот ќе ви се промени на добро.
RK: Што ќе
им порачаш на потенцијалните скејтери?
Лука: За се што сакате да правите во животот треба да имате
пасија, па така и кога станува збор за скејтањето. За успех треба да се вложи
многу труд, но како и во секој спорт, треба да се очекуваат безброј препреки.
Со правилниот mindset мислам
дека ништо не ќе може да ве спречи. Има една порака по која се водам
и самиот јас – You can do anything you set your mind to.
RK: Ти благодарам многу Лука, ти посакувам успех на секое поле.