RK

Robert Krstevski

НАЈДОБРОТО ОД 2019

Explore Kriva Palanka | Истражи ја Крива Паланка

Animals | Животни

Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2020).  

Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.


ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ! СРЕЌЕН БОЖИЌ!
Трета година по ред го правам Бложиќ (претпразнично блогирање) и овој пат крајот на 2019/2020 сезона, како што велат тие „со многу љубов“, ќе го означат Клаудија и Никола. Среќни празници и уживајте во празничната магија!


RK:  Клаудија и Никола, се гледаме после скоро година дена и навистина ми е мило што нашата прва соработка беше најпрегледуваната во изминатава година. Ви честитам за тоа и ви се заблагодарувам што прифативте и овој пат да бидете дел од Б(л)ожиќ. Како се чувствувавте кога ви предложив повторно да направиме објава и дали се колебавте. Раскажете ни малку за тоа па ќе поминеме на други теми.
К/Н: Здраво и ти благодариме на поканата. Па кога не покани да направиме repeat на најуспешна соработка за изминатата година, ќе беше огромна штета да не ја продолжиме приказната. Апсолутно немаше потреба за заеднички договор помеѓу нас. Двајцата го мислевме истото.


RK:  Каква беше за вас 2019-та? По што ќе ја паметите?
К/Н: 2019та – година на созревање. Година со 365 Денови Д. Оваа година дефинитивно ќе биде една од нашите години кои ќе ги паметиме до крајот на животот. Сигурно сега очекувате да кажеме поради „She said yes моментот, меѓутоа тоа беше само еден епилог на се што градевме заедно досега.


RK:  Кога ја правевме претходната објава за Денот на вљубените, ви посакав многу успех и напреден чекор во вашата врска и тоа се случи истата година. Со тоа целата објава доби една целина и се покажа дека изборот да гостувате баш вие бил повеќе од исправен. Познавајќи ве вас дека се во животот правите со љубов, уште еден доказ дека љубовта навистина вродува плодови и еве јавно ви честитам за како што го нарекувате „She said yes моментот.
К/Н: Баш така. Не со љубов, туку со многу љубов. Било што да правиш, прави го со љубов или воопшто не почнувај. Без тој еликсир, никаде. Секако и ние јавно ти се заблагодаруваме за убавите честитки.


RK:  И покрај тоа што прошетавте неколку локации во текот на изминатава година, најважниот момент т.е запросувањето падна на аеродром кога сте се вратиле во Скопје. Раскажете малку повеќе околу овој настан.
К: Хаха, добро, ти ова веќе го дозна порано, ама ќе откријам и за другите. Денес жените баш и не признаваат дека паѓаат на романтични фори, тоа е веројатно некој нов тренд, меѓутоа одговорно тврдам дека не е така. Во целиот тој модернистички свет, мојот партнер сакал да провери дали тоа и кај мене е така, па реши да ме запроси на најстресниот начин што можеше да постои. Не се сеќавам на таков стрес досега. Да не детализирам, сепак нешто треба да остане за нас, само да ги прашам сите девојки кои ќе го читаат ова: Дали некоја од вас би помислила дека ќе биде запросена кога ја претресуваат и обвинуваат дека е криминалец и се што мислиш во моментот е дека не си демек ти толку среќен да те „штрефне“ скриена камера. Хаха епа не беше скриена камера, беше скриена намера и еве не, живи здрави. Ви открив само момент од идејата на Никола и мислам дека е доволно што треба да откријам. И само да кажам и овие „модерните“ помалку романтични нешта имаат свој шмек, верувајте. Ова нема да го заборавам сигурно.


RK:  Клоди биди искрена – дали претчуствуваше или некако насетуваше и како реагира кога го здогледа прстенот?
К: Ни најмалку, верувај. Бев убедена дека такво нешто нема да се случи оваа година, а најмалку дури кога се вративме. Цела недела се шетавме во еден од најроматичните и најубавите градови во светот, па ако некој би очекувал тоа дефинитивно би било таму. Не, не и не. Секој пат кога ќе се сетам на тој ден, се смеам како успеа да ме „измами“, секако на убав начин.


RK:  Никола после толку години врска како се реши дека сега е баш тој момент, што беше пресудно? И дали имаше трема, опиши го чувството.
Н: Трема!? Тоа што го чувствував во моментот не се опишуваше само со трема. За тој момент се размислуваше подолг период, но се чекаше вистинскиот момент. Целта беше да се погоди најнеочекуваниот момент и најоригиналната идеја. Не беше лесно, признавам.


RK:  Што е поразлично во вашиот живот откако прстенот е верен придружник на левата рака на Клаудија?
К/Н: Апсолутно ништо. Меѓу нас нема разлика. Ние функционираме како едно од првиот ден.


RK:  Како ги доживувате Новогодишните и  Божиќните празници? Дали и како се насладувате на еуфоријата?
К: Никола работно, јас малку повеќе уживам од него, признавам.
Н: Во главно се трудиме максимално што можеме да ги поминеме заедно и тоа не е исклучок Клаудија да дојде со мене на мој настап. Сепак таа ми е најверниот обожавател и придружувач.
К: Меѓутоа Божиќ нам ни е нешто посебно и овој ден го оставаме само за нас, да сме заедно и да се насладуваме на неговата магија. На овој ден нема работа, нема обврски, едноставно е резервиран само за нас и нашите најблиски.


RK:  Со оглед на тоа што Никола е музичар и празниците ги поминува работно – Клаудија како ти гледаш на ова нешто и како се справуваш со истото?
К/Н: Види вака, ние функционираме многу интересно. Ако мора да се работи, ќе се работи. Празниците се периоди од годината кога би требало да сме дома со најблиските, меѓутоа кога обврските налагаат поинаку мора да се прифати така. За мене тоа е само духовна состојба во која треба да уживаме и секако, нас секој ден ни е празник кога успееме да се справиме со обврските и да го поминеме заедно. Едноставно со текот на времето се прифативме целосно со нашите професии и секогаш гледаме да се надополниме еден со друг. Ние гледаме да го компензираме секој одвоен момент. Знаете, се случува јас да бидам преплавена од обврски баш кога тој е презафатен и сега друг би кажал супер, нема да си досадувате еден на друг, но не е така. Ние имаме енормно различни професии и неретко имаме проблеми и двоумења за одредени ситуации на професионален план, не помеѓу нас, а стручно не можеме да се помогнеме многу. И од причина што професиите немаат една заедничка точка, двајцата се трудиме да се вметнеме во светот на другиот и секогаш ама баш секогаш кога на едниот му треба совет или мислење за одредена работа, се знае на кој прв се јавува. Кој друг би ми кажал поискрено мислење, зарем не?


RK:  Кој заеднички дочек на Новата година / празнување на Божиќ ќе ви остане во сеќавање засекогаш и зошто?
К/Н: Овој и знаете зошто.


RK:  Дали како мали верувавте во Дедо Мраз?  Дали пишувавте писма до Дедо Мраз и слично.
К/Н: Ни едниот, ниту другиот. Очигледно им било тешко, дури невозможно да не прелажат кога сме биле мали. И најинтерсно од се е тоа што кога ќе дојдеше тој магичен предновогодишен период најмногу ги мразев вештачките бради на преправените Дедо Мразовци. Не успеваа да ме прелажат ни за слика, ден денес се смееме за тоа.


RK:  Кога станува збор за Бадник, дали како мали ви местеле паричката да се падне кај вас и како сте реагирале?
К: Јас повеќе би сакала сега да ни ја местат паричката. Кога веќе си возрасен човек многу поблиску си до верувањата дека тоа ќе ти донесе среќа, затоа што многу повеќе ти треба!


RK:  Дали некогаш сте оделе на Коледе?
К: И пак би одела!
Н: Кој не бил не знае колку се слатки ќесињата после тоа. Јас сум среќен што живеев такво детство и што тоа беа денови од годината кои едвај ги чекавме.


RK:  Што си посакавте за Новата 2020-та?
К/Н: Секоја наредна да ја дочекаме заедно.


RK: Ви благодарам многу, со ова го затвораме Бложиќ 2019/2020. Ви посакувам секој следен чекор од вашата љубов да биде направен со што е можно поголемо количество љубов и само љубов. И за крај една честитка за Божиќ?
К/Н: Ти благодариме и тебе, ни беше задоволство. Нашата честитка гласи:
„Пробај да бидеш оној кој охрабрува, исполнува, сака и шири љубов и добри вибрации. За друго не грижи се, некој веќе се тоа го гледа од горе.
Среќен Божиќ!“ 🕯



УШТЕ ОД БЛОЖИЌ 2019/2020:

БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел]

No comments:

Post a Comment

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib