● Биографија:
Јас, Викторија Стојовска доаѓам од Кичево. Студирам психологија на Универзитетот
„Гаврило Романович – Державин“. Пишувам од своја најмала возраст, голем љубител сум на пишаниот збор, па затоа
со љубов почнав да пишувам и творам. Пишувањето
ме исполнува, а што е најважно не
осудува, ми помага подобро да се запознаам себеси додека го исфлам на хартија
секое парче емоција кое во денот сум го доживеала без разлика дали тоа е
позитивно или негативно.
Инспирацијата ја црпам од моите лични искуства. Често ми
се случува да добијам природен нагон во ниедно време од ноќта и да седнам да
пишувам, додека читам книга, кога пијам кафе, додека слушам музика, понатаму со другарки кога ќе седнеме на кафе
ќе ми споделат
нешто и ќе добијам
инспирација. Инспирација ми е сѐ што нѐ опкружува.
Имам учествувано на голем број литературни средби,
хуманитарни манифестации, некои од моите
песни се препеани на српски и хрватски јазик.
Активен член сум во ЛК „Китка“ од
Кичево. Исто така моите есеи
се објавени во списанијата „Средношколски
размислувања 5“ и „Средношколски размислувања 6“ ; „Поетски
поздрав на Четерсе“ ; „Поетско Маркукуле 2023".
Факт е дека можам да се изгубам со часови помеѓу
страниците на книгите и целосно да се исклучам од реалниот свет препуштајќи му
се на светот кој ми го нуди писателот во книгата. Читам многу книги од сите
жанрови, за мене нема лоша книга, а моите омилени автори се: Коељо, Мисо,
Петре М. Андреевски, во средно го обожавав Коста Петров. Исто така уживам во трилерите, сметам дека во
нив се многу добро објаснети сите апсекти на нашата личност, на врвот би го
ставила Фицек, потоа Кара Хантер, Б.А Парис, Тес Геритсен... Кога станува збор за
психологија би ги препорачала: Џозеф Марфи, Фројд, Адлер, Робин Шарма и Ронда
Бирн.
● Поезија
СТАР
СПОМЕН
Љубев или само сонував?
Плачев или одамна те преплакав?
Пиев кафе за побрзо да се расонам.
Пиев кафе за да не копнеам по сон,
за да не разнесам душа вбол.
Си ги налакирав црни ноктите
за да си ги убијам надежите
и да го стишам стравот што ме
вгори вдуша,
стравот што срце не слуша.
Тоа е стравот дека ќе те видам во црно одело,
а јас нема да стојам до тебе пред олтарот во бело.
Ќе те видам во црно одело,ама никогаш повеќе во животот
нема да облечам бело.
Ќе ме потсеќа на тебе.
Ќе ме потсеќа на недостигот
и на заборав.
А јас се плашам од заборав.
Се плашам од огнот што вдуша ме гори и од рацете што
прегрнуваат друго ладно тело взори.
Ноќите без тебе се преладни.
Премногу болиш.
Го оживуваш секое каење што ми живее во душата.
Во форма на стар спомен,
што воопшто не е скромен.
ИСПОВЕДИ
Го носев како печат стегнат на душава.
Го носев како втора кожа.
Како зашиена рана.
Како тетоважа.
Го носев низ мојата срж како отров.
Го вдишував како воздух.
Ми беше како дишење,
како срцебиење,
како будење,
како сонување.
Беше најприсутен, а најмногу го немаше.
Во пијани ноќи ми отвараше стари рани.
Допираше изронети надежи
и оставаше свежи лузни.
Немав каде да одам.
Се чувствував заробено.
Немав каде да избегам.
Дури и соништата со него беа забранети.
Немав избор, немав ни сила за отпор.
Го носев на себе си како несовршенство.
Како сенка од некогашно совршенство.
ПРВИОТ
КРУГ НА ПЕКОЛОТ
Девојче, не сум јас вистинскиот човек за тебе.
Не сум јас оној што ќе шета со часови по продавници со
тебе.
Не одам јас во кино на филм
ниту читам драми ни знам што е уметност.
За мене ти е уметност брза вожња и покачен адреналин.
Сакам ладно виски и мирис на цигари.
Јас сакам лоши работи.
Имам лоши навики.
Не сум јас за тебе.
Јас ќе ти расипам биоритам на живот ќе ме колнеш за цел
живот.
Не сум ти јас за добрина,
јас сум злокобна опсесија.
Се хранам јас со интриги и злодела.
Ќе ти пресушат со мене и крвта и нервите.
Нема да се навикнеш на ваков живот ко мене.
Јас не сонувам,
јас и соништата ги
плаќам со камата.
Со мене саде ќе ти врнат дождови во душата
и ќе добиеш на се пасивна рефлексија.
Читај го Данте таму ќе ме пронајдеш,
на почетокот помеѓу најголемите кукавици
ќе ти зацрнам страници.
● Расказ
ОДМИНИ
МЕ
Кога ќе ме видиш таква никаква, срушена и уништена,
затвори очи не гледај ме.
Немој.
Одмини ме, како да сум странец, како да не ме познаваш. Не
сакам таква слаба и немоќна да ме паметиш. Не ме гледај нема во мене среќа да
видиш.... Ќе ја видиш само другата страна на мојата душа, ќе видиш таму една
оставена девојка исцрпена, кревка, скршена на пола копје, со бледа кожа, со
рани по раце, поглед замислен, вперен некаде, во некоја далечна точка. Насмевка
загубена. Очи стаклени, светнати од безброј солзи. Во тие бунари од солзи ќе ја
видиш како се мие мојата душа, чисти гревови, соблекува спомени. Немој да
гледаш во внатрешноста на мојата душа... Таа хронично боледува и константно има
потреба се лечи. Да трча по болнички ходници, да се успива со звукот на
амбулантни возила, да умира и со последни сили одново да оживува. Немој да
гледаш во внатрешноста на мојата душа ќе те нападнат, болки, крв, немоќ и
индеферентност. Немој тогаш за утеха да ме допираш.Ќе ме распаднеш.
Јас сум многу пати скршена и одново составувана, моето
тело не сака утеха, плаче за прегратка. Но, не ме прегрнувај... Ќе посакам да
трае па ќе се лажам повторно кога ќе се разбудам. Немој да ме сожалуваш.
Јас не барам милостина, барам срце со љубовна чистина. Не
труди се да ми помогнеш. Ти не знаеш како треба со таа хронично заболената душа
во мене.
Немој да ме допираш, ќе ме распаднеш, јас сум многу пати скршена и повторно составувана, безброј пати, не сакам да ти кажам колку конци имаат пукнато па ги имам одново зашивано, не сакам да ти кажам оти ќе те излажам, престанав да ги бројам одамна, затоа те молам замини немој, не ме повредувај уште повеќе. Ако има барем трошка човечност сѐ уште во тебе те молам само одмини ме, не сакам ништо повеќе од тебе. Доволен ми е кошмаров што ми отвара празнини во градиве.
Повеќе од творештвото на Викторија
ќе прочитате на нејзиниот блог: https://viktorijastojovska.weebly.com
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Топ 10 книги со Лара Стевановска |
Топ 10 книги со Бојан Јакимовски |
#ОстаниДома и читај [со Ана Георгиевска] |
Р04: „Потекло“ - Саша Станишиќ (Антолог) |
Сите книги од Фредрик Бакман |
Р03: „Ние против вас“ - Фредрик Бакман (Антолог) |