Од денеска ја започнуваме специјалната серија објави #ОстаниДома како дел од #ТинЛексикон каде
тинејџерките ќе ви даваат предлози што да читате, гледате и слушате во текот на
овие денови на изолација за заштита од COVID-19. Започнуваме со Ана
Георгиевска која ќе ви се обрати во продолжение и ќе ви предложи што да читате. Уживајте!
1. „Последната пролет во
Париз“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
Книга која покажува колку
е мал светот и ни кажува секогаш да бидеме упорни. Приказна за животот на старицата Марија Колчак чија верба во љубовта била
голема колку и нејзината болка. Една сосема обична старост и рутинска
новинарска задача спојува две непознати жени. Марија Колчак цел живот ја бара
својата ќерка, но на крај ја наоѓа својата внука Олга Лашез. Ова е мојата
најомилена книга што досега ја имам прочитано и топло ја препорачувам на секој
што е љубител на читањето.
2. „Чарли и чоколадната
фабрика“ - Роалд Дал
Оваа книга кажува дека среќата може
да биде предизвикана и од најмалите нешта. Приказна за сиромашното дете Чарли
кое ја обожува чоколадата и освојува златна карта за влез во фабриката на Вили
Вонка каде Чарли повторно ја покажува неговата скромност. Иако има и снимано
филм за оваа книга, јас ја препорачувам книгата бидејќи длабочината на приказната
е подетално доловена во пишаната верзија.
3. „Рингишпил“ – Јелена
Бачиќ Алимпиќ
Книга
која ја опишува болката на светско познатата балерина. Приказна за балерината
Ана Балинт која со голема помош од совесните луѓе го достигнува врвот на
својата кариера. Покрај многуте загуби и неправди во нејзиниот живот таа
останува верна на нејзината вистинска љубов Сергеј Павлович.
4. „Писмото на госпоѓа
Вилма“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ
Третата книга која ја препорачувам
од истата писателка открива голема семејна тајна. Приказна за жртвуваната љубов
на госпоѓа Вилма. Госпоѓа Вилма пишува дневник кој ја открива најголемата
семејна тајна на нејзиниот внук, професорот по книжевност Артур Вајс.
5. 5. „Никогаш не свртувај го
погледот“ – Линвуд Баркли
Книга за
мистериозно исчезнување. Приказна каде по испланирано исчезнување Џен, жената
на познатиот новинар Дејвид Харвуд нанесува огромни проблеми на своето семејство.
6. „Неисполнето ветување“ –
Линвуд Баркли
Оваа книга е продолжение на „Никогаш
не свртувај го погледот“ и се работи за мистериозно убиство проследено со многу
мистериозни случки. Приказна за одземање на бебето на Марла, братучедката на
Дејвид Харвуд каде што тој како близок роднина ги открива мистериите направени
во врска со својата братучедка. Не можам да се одлучам која од овие две книги од
Баркли ми е поомилена затоа и двете ги наведувам како предлози што да читате
овие денови додека сте дома.
7. 7. „Кога се заљубив“ –
Миранда Дикинсон
Љубовта е главна тема на оваа книга.
Приказна за Елсинор Мејнард, менаџерка во ретрослаткарница која го основа забавниот хор „Сандејс“ заедно со поранешниот рокер Вуди
Џенсен. Таа после големата загуба на нејзината љубов Лукас се одлучува за нов
почеток и започнува нов среќен живот со адвокатот Торин Стјуарт.
8. „Рајот може да почека“ –
Кели Тејлор
Книга за
љубов после смртта. Приказна за Луси Браун која пред портите на рајот се
одлучува да ја исполни својата дадена задача во рок од 21 ден за да може да
биде заедно со својот сакан Ден. Иако таа ја исполнува својата задача таа не
сака да го следи својот сакан како дух. Но судбината не и останува должна и ја
спојува Луси со Ден во рајот.
9. „Ниту ден без тебе“ –
Џесика Брокмул
Книга за љубов на далечина. Приказна за љубовта на
авторката Елспет Дан која живее на островот Скај и студентот Дејвид Грејам од
Америка. Разменуваат љубовни писма но за време на Втората Светска војна писмата
престануваат. По многу години Марла, ќерката на Елспет го пронаоѓа Дејвид и
повторно Елспет се среќава со својот сакан.
1 10. „Куќата на орхидеите“ – Лусинда Рајли
Книга за
големата тајна на две семејства. Приказна за Џулија Форестер која дознава за
нејзините и за предците на нејзиниот сакан. Џулија нурнува во минатото на
Оливија и на Хари Крофорд чиј кршлив брак се распаѓа за време на Втората
светска војна.
Се надевам дека ви помогнав во изборот што да читате овие
денови.
Ана ❤
#ОстаниДома:
#ОстаниДома и гледај серии [со Ана Велковска] |
#ОстаниДома и гледај филмови [со Ивона Петровска] |