Post Page Advertisement [Top]



Денеска ќе ги дознаете омилените серии на Ана Велковска. Во продолжение ви се обраќа таа, а вие останете дома и уживајте гледајќи некоја од наведените серии. Доколку вашата омилена серија не е на оваа листа, слободно ни ја пишете во коментари.

1. The Vampire Diaries
 - Тинејџерката Елена се вљубува во новиот ученик, згодниот и мистериозниот Стеван, кој исто така е и вампир. Тој е добар вампир кој пробува да живее нормален живот со луѓето, а од другата страна е неговиот злобен и насилен брат Дејмон. Тие двајца ќе влезат во војна за љубовта на Елена. Засега ова е мојата најомилена серија и затоа е прва на оваа листа.

2. The Originals
 - Фамилијата е моќ. Фамилијата на првобитните вампири сe заколнала пред илјада години дека без оглед на се, секогаш ќе останат заедно. Но, времето и моќта си го направиле своето. Одлична серија и ја препорачувам.

3. Pretty Little Liars
- Слатките мали лажливки се Ариа Монтгомери, Спенсер,Хана и Емили. Кога нивната најдобра другарка Алисон исчезнува,почнуваат да добиваат пораки од мистериозна личност позната како А која планира да ги открие тајните што само Алисон ги знае и одреден период мислат дека таа стои зад пораките. За оваа серија сигурно повеќето имаат слушнато, но ако ја немат погледнато топло ја препорачувам.

4. Friends
- Има ли попозната серија од „Пријатели“? Секако дека НЕ! Рејчел, Рос, Moника, Џои, Фиби и Чандлр се пријатели кои живеат заедно во срцето на Њујорк на крајот од деведесетите години на минатиот век. Оваа група пријатели поминуваат низ семејни проблеми, минати и идни романси, смеење, солзи и изненадувања како би научиле што точно значи да бидеш пријател. Иако можеби одамна ја имате изгледано целата оваа серија, никогаш не е лоша идеја повторно да пуштите некоја од вашите омилени епизоди.

5. Game of thrones
- Во земја во која летата и зимите можат да траат со години живеат жени и мажи. Некои живеат  чесно, а некои игнорираат се кога станува збор за борба за моќ. „Игра на тронови е една од најпознатите серии од поновата историја, па ако сте пропуштиле некоја епизода од последната сезона, сега додека сте дома е вистинското време да ја погледнете.

6. Stranger Things
- Кога едно младо момче исчезнува, неговата мајка, началник на полицијата и неговите пријатели мора да се спротивстават на застрашувачките натприродни сили за да го вратат.

7. Gossip Girl
- Тинејџерите од горниот источен дел на Њујорк не можат да сокријат ниту една тајна од немилосрдниот блогер кој секогаш ги набљудува. Уште една многу популарна серија која ја препорачувам.

8. Riverdale
- Арчи и неговите пријатели го истражуваат животот во малиот град. Зад гостопримливоста на градот се кријат мрачни тајни и загатки кои ќе го задржат вашето внимание доколку ја погледнете оваа серија.

9. Teen wolf
- Тинејџерот Скот е каснат од врколак и мора да се привикне како да се сноси со неговиот живот и животот на неговите најблиски. За обожавателите на вампирските приказни оваа серија е вистинскиот избор.

10. The 100
- 97 години по нуклеарното уништување на цивилизацијата илјадници преживеани луѓе живеат во вселенски брод кој орбитира околу планетата Земја. Што се случува со нив оставам да дознаете доколку се одлучите да ја гледате оваа серија.

Се надевам дека ви помогнав во изборот кои серии да ги гледате овие денови.

Ана


Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib