Денеска Ивона ви ја претставува нејзината листа со предлог филмови, а
на вас ништо не ви преостанува освен да ги подготвите пуканките и да уживате
гледајќи некој од следниве филмови.
1. To all the
boys I’ve loved before
- Претпоставувам
дека 80% од тинејџерите го имаат гледано овој филм во кој од обично писмо
произлегува сосема необична љубовна приказна. Во филмот се случуваат некои
пресврти кои ќе ве изненадат и ќе ве тераат да го гледате до крај и најважно од
се на крајот завршува среќно, па затоа топло ви го препорачувам.
2. The Notebook
- Романтична
драма која до самиот крај ќе ве држи во неизвесност, филмот е доказ дека
љубовта на крајот победува без разлика на околностите. Прекрасна класика која никогаш не е
лош избор да се погледне повторно и повторно.
3. The kissing
booth
- Пријателство
со правила или сепак не? Што ќе се случи кога едно од правилата ќе се прекрши? Дали
да се избере љубов или долгогодишно пријателство? Ќе ве оставам сами да
откриете.
4. The Duff
- The Duff е
комедија која е проследена со деновите на една тинејџерка која е прогласена за
The DUFF(the Designed Ugly Fat Friend). Зад себе има неуспешни љубови и пријателства, но вистинско изненадување е доаѓањето
на неочекуваната љубов.
5. Аnother
Cinderella Story
- Секој од нас
ја знае приказната за Пепелашка која од слугинка станува принцеза, а ова е модерната верзија на
Пепелашка која од девојка која не е позната во друштвото станува девојка на
едно од најпосакуваните момчиња во градот.
6. Everything, Everything
- Тинејџ-драма во која седумнаесет годишна
девојка води борба со „болест“ која ја ограничува на живот кој е поразличен од оној на нејзините
врсници. Но, до самиот крај сите ќе останете
изненадени и без зборови бидејќи ќе се случи нешто што никој од нас не го
очекува.Очекувајте го најнеочекуваното.
7. Abduction
- Abduction e
акционен филм во кој се зборува за осумнаесет годишно момче кое дознава дека
неговите родители всушност не му се биолошки родители. Тој се вплеткува во опасниот бизнис
на неговиот „татко“
и се бори да преживее со неговата љубов од детството.Вреди да се погледне!
8. Тhe parent
trap
- Филмот датира
уште од 1998, тој е еден од
постарите филмови, но
и еден од поинтересните. Верувам
дека филмот ќе ве заинтересира дури и по самиот наслов. При гледањето ќе ве потсети многу на
лектирното дело „Двојната
Лота“ (кој читал секако
хаха).
9. After
- Филм за кој
сум повеќе од сигурна дека ќе ве импресионира. Нема потреба од големо објаснување бидејќи е класична
тинејџ-драма која за кратко време стана хит во светот, крајот е малку
збунувачки, но тоа ни ветува
продолжение кое заедно ќе го чекаме до мај.
10. Can you
keep a secret
- Љубовна
мелодрама која ќе ве остави без зборови. Првиот најзасрамувачки момент меѓу двајца патници во авион кој на прв
поглед изгледа дека бргу ќе се заборави на тој срам, но се случува неочекуваното, тој и се претставува како нејзин шеф. Тој знаејќи ги сите нејзини тајни, а таа незнаејќи ништо за него
влегуваат во врска. Што
ќе се случи понатаму погледнете сами.
Се надевам дека ви помогнав во изборот кои филмови да
гледате овие денови.
Ивона ❤
#ОстаниДома:
#ОстаниДома и гледај серии [со Ана Велковска] |
#ОстаниДома и гледај филмови [со Ивона Петровска] |