Post Page Advertisement [Top]



#ОстаниДома и уживај во неделното попладне со некоја од серииве кои ни ги предлага Нина во продолжение.

1. Euphoria
  - Во Euphoria станува збор за проблематичниот живот на седумнаесет годишно девојче - Rue, кое е зависник на дрога и нема никаква намера да остане чиста, без оглед на тоа што ја праќаат на рехабилитација.

2. Chilling Adventures of Sabrina
  - Оваа серија се смета за хорор приказна во која се работи за девојче по име Sabrina Spellman која се бори да ја помири нејзината двојна природа, односно полу-вештерка, полусмртоносна. Таа се бори против сите зли сили кои се закануваат на нејзиното семејство вклучувајќи ги и нејзините две тетки - Hilda и Zelda Spellman и нејзините пријатели од живиот свет.

3. Money Heist
  - Криминален умник кој го нарекуваатПрофесорот” има план да ја овозможи најголемата кражба во целиот свет. Тој создава план, се регрутира со осум лица со одредени способности  кои немаат што да изгубат и заедно печатат милијарди евра држејќи заложници во нивна корист. Секој крадец” има тајно име и не смее на никој начин да си го открие својот личен идентитет.

4. The Witcher
  - Вештер по име Geralt се бори да го пронајде своето место во свет во кој луѓето повеќе пати се покажуваат како злобни отколку како ѕверови. Тој има одредена судбина со девојка по име Cyrilla, но во меѓувреме се појавува друга девојка во авантурите на Geralt, волшебничка по име Yennefer.

5. Shadowhunters
  - На сопствениот роденден Clary открива нешто изненадувачко за нејзиниот живот. Таа дознава дека доаѓа од долга линија на хибриди, наречени Shadowhunters кои ловат демони. Откако нејзината мајка е киднапирана, Clary го прифаќа тој начин на живот и тргнува во битка против демони за да ја пронајде својата мајка. Таа се запознава со Jace, Alec и Isabelle кои и’ помагаат да се снајде во новиот мрачен свет. Нејзиниот најдобар пријател Simon се претвора во вампир, но без разлика на тоа, тој пак помага на Clary да ја пронајде мајка си.

6. You
  - Што би направиле вие за љубов? За еден менаџер на книжарница, ова прашање е ставено на тест. Тој се вљубува во една писателка по која тој станува опсесивен. Користејќи ги социјалните мрежи, интернетот, што и да му дојде на располагање тој го користи тоа за да се зближи со неа. Тој ќе ги отстрани сите пречки кои го спречуваат од тоа, дури и ако се работи за нечиј живот.

7. Atypical
  - Ова е комедија за тинејџерот Sam кој има аутизам и одлучува дека тој е спремен за романса. За да започне да се дружи и да ја пронајде својата љубов, тој мора да биде понезависен. Поради таа причина тој ја испраќа мајка му на сопствен пат за промена на животот. Таа и остатокот на семејството на Sam, односно неговиот татко и неговата сестра Casey, кои се’ уште се трудат подобро да го разберат Sam, мора дa се прилагодат на промената и да истражуваат што значи да се биде нормален”.

8. Greenhouse Academy
  - Студенти во интернационалната академија во Јужна Калифорнија, наречена Greenhouse Academy, мора да работат заедно за да се спротистават на предизвиците кои им ги дава нивниот директор. Тие се поделени во две групи кои треба да се борат една против друга, но без оглед на тоа, тие сепак одлучуваат да работат заедно и заедно да ги надминат предизвиците.

9. Lucifer
  - Lucifer е ѓавол кој го напушта пеколот за да живее во Лос Анџелес и да води клуб. Тој се приклучува на полицијата поради детективката Chloe Decker во која тој се вљубува, но не сака да си го признае тоа и заедно решава кривични случаи со нив, користејќи ја неговата моќ за дознавање на најголемите желби на некоја личност во нивна корист.

10. The Flash
  - Barry Allen, форензички научник кој е погоден од гром во несреќен, натприроден случај. Тој се буди после девет месеци во лабараторијата на научникот по име Harrison West и неговите помошници Cisco и Caitlin и дознава дека има натприродна моќ, односно дека е најбрзиот човек на светот. Тој ја користи неговата моќ против криминалците и помага да го исчисти светот од злобните луѓе.

Се надевам дека ви помогнав во изборот кои серии да ги гледате во текот на овие денови на изолација.

Нина



Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib