Post Page Advertisement [Top]


Ќе дојде нова пролет
                              
Ќе дојде нова пролет,
птиците ќе се вратат.
Ќе дојде нова пролет,
ќе запеат.       
              
Ќе дојде нова пролет,
гранките ќе разлистат.
Ќе дојде нова пролет,
ќе расцветат.

Ќе дојде нова пролет,
цвеќињата ќе букнат.
Ќе дојде нова пролет,
ќе размирисаат.

Ќе дојде нова пролет,
надежта повторно ќе се роди.
Ќе дојде нова пролет,
ќе дојде.

Автор : Роберт Крстевски





Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib