Post Page Advertisement [Top]



Акции, хорори и романтични комедии преовладуваат на филмските листи на другарките Сара и Анастасија. Не знам како ќе се одлучите кој филм прв да го погледнете, но секако нема да е погрешен избор.

Сара:

1. Alice in Wonderland
- Добропознатата книга од Луис Керол е вистинско уживање да се погледне како филм. Младата девојка Алиса паѓа низ зајачка дупка во подземен свет на фантазија, свет на чудни и антропоморфни суштества. Спознајте ја „земјата на чудата“  преку филм.

2. Aquaman
- Чуварот на светилници на Меј Томас Кари ја спасува Атлана, кралицата на подводното кралство на Атлантис. Тие се вљубуваат и имаат син  Артур, кој има моќ да комуницира со морските суштества. За да дознаете што се случува понатаму погледнете го филмот.

3. Bumblebee
- Во овој филм станува збор за автомобил што може да се трансформира. Филмот е акционен, авантуристички и малку емотивен.

4. Robin Hood
-  Акционо-авантуристички филм, квази - современо прераскажување на легендата на Робин Худ.

5. Skyscraper
-  Двејн Џонсон (Dwayne Johnson) е мојот омилен актер и во овој филм глуми како Вил Соер, односно бивш водач на тим на ФБИ за спасување заложници и воен ветеран на САД , кој сега проценува безбедност на облакодери. На задача во Кина открива дека највисоката, најбезбедната зграда на светот одеднаш се пали и тој е обвинет за тоа. Како баран човек во бегство, Вил мора да ги открие одговорните, да си го исчисти името и некако да си го спаси семејството кое е заробено во зградата.

6. The Christmas Chronicles
- Ова е новогодишен филм во кој има застапено многу комедија, авантура и фантазија.

7. The Fate of the Furious
- Најновото (деветто) продолжение на „Брзи и бесни“  требаше да излезе оваа година, но поради коронавирусот премиерата е одложена за следната. Доколку не сте го погледнале последното продолжение топло ви го препорачувам.

8. Venom
- „Веном" на фановите на суперхероите им е познат првенствено како главен негативец во филмовите за Спајдермен кој иако понекогаш е духовит и интересен и понатака остануваше спореден лик. Погледнете го филмот доколку сте љубители на научната фантастика.

9. Jumanji Welcome To The Jungle
-  Четири деца од средно училиште откриваат стара видео-конзола и се вовлечени во џунглата на играта, станувајќи возрасни аватари. Дел од актерската екипа исто така е мојот омилен актер Двејн Џонсон.

10. Rampage
- Уште еден филм со Двејн Џонсон кој ја толкува улогата на Дејвис Окој. Заедно со неговиот најдобар другар, белата горила, се борат со чудовишта во големиот град.

Се надевам дека ви помогнав во изборот кои филмови да ги погледнете.
Сара

Анастасија:

1. Let it snow
-  Романтична божиќна комедија која 90% ги освојува тинејџерите. Но дали е така проверете вие.

2. The last summer
- Во филмот се зборува за незаборавни случки од минатото лето и запознавање на нови луди авантури.

3. Midnight sun
-  Романтичен американски филм каде во прашање е заболувањето на една тинејџерка.

4. Reality high
- Во овој филм сепак во прашање се девојчињата и дигиталната ера, но на крајот се дознава од колкаво значење се улогите на самите девојчињата.

5. The edge of seventeen
- Американска комедија во која е опишано школувањето на седумнаесетгодишна девојка.

6. The perfect date
- Тинејџерите уживаат во оваа романтична комедија. Ако си тинејџер задолжително овој филм не треба да отсуствува од листата гледани (и омилени) ваши филмови.

7. Sierra burgess is a loser
- Во овој филм во прашање е една паметна девојка Сиера која е личност полна со духовитост и шарм. Повеќе за неа дознајте кога ќе го гледате филмот.

8. The purge
- Хорор филм во кој се следи семејството Сандин во вечерните часови на 2022 година во Пуриг. Што се случува со нив погледнете во филмот.

9. To all the boys I loved before
- Филм за љубовта за едно девојче кое им пишува писма на момчињата кон кои чувствува огромна страст. Но, дали  љубовта ќе победи вие ќе откриете доколку го погледнете филмот.

10. Game night
- Конкурентска гејмерска двојка која ке се бори за својата љубов со неколку обиди.

Се надевам дека ви помогнав во изборот кои филмови да ги погледнете.
Анастасија



Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib