Post Page Advertisement [Top]



Калемење — еден од начините на вегетативно размножување кај растенијата. Со калемење по вештачки пат се спојуваат два дела од исти или од различни видови на растенија. Често пати заради неродност, воведување нова перспективна сорта  се укажува потреба од калемeње на растенијата. По калемењето, делот од растението што се наоѓа во почвата, на коe се врши калемење, се нарекува подлога, а делот што се калеми на подлогата се нарекува калем (питомка). Kалемeњето на овошките најчесто се изведува рано напролет, пред или во почетокот на вегетацијата, воглавно во март-април кога нема соко - движење и лесно се одвојува кората, но некои начини на калемење се вршат во напредна вегетација. (извор: Wikipedia)

Вака е опишан процесот на калемење на овошки на Википедија. Во кратки црти во оваа објава ќе дознаете како дедо ми го извршува овој процес. 

Се остри калемот или питомката од крајот којшто треба да се вметне во подлогата.




- Калемот се вметнува и прицврстува близу до кората на подлогата.




- Откако е прицврстен калемот, за подобра заштита го обложуваме со изолир.



- И на крај, калемот може но и не мора да се премачка со бетомент, восок или некоја друга слична материја.




Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib