RK

Robert Krstevski

НАЈДОБРОТО ОД 2019

Explore Kriva Palanka | Истражи ја Крива Паланка

Animals | Животни

Post Page Advertisement [Top]

БЛОЖИЌ е серија од објави кои ќе бидат објавувани во периодот до Божиќ (07/01/2020).  

Ги предизвикувам и повикувам сите македонски блогери доколку се расположени можат да се вклучат во ова претпразнично блогирање со објавување oбјави на македонски јазик на своите блогови. Содржините на објавите се основаат на вашата креативност.



Давид е тинејџер од Крива Паланка кој е познат кај луѓето по неговата дружељубивост. Исто така тој е и љубител на фотографијата и има направено најмногу селфиња со познати личности. За овој тинејџер може да се каже дека е и едно од заштитните лица на рок фестивалот JoyFest кој се одржува секој крај на август во Крива Паланка. Давид е гост во второто продолжение на Бложиќ за оваа сезона. Прочитајте и погледнете!



1. Која е твојата улога во JoyFest?

Давид: Па вака, како прво мојата улога на JoyFest рок фестивалот е да го менаџирам бекстејџот каде што седат изведувачите пред настап и после настап. Во главно сум како бекстејџ директор.




2. Кое од досегашните изданија на ЈоуFest ти е омилено и зошто?
Давид: Па јас мислам дека омилено издание од JoyFest ми е кога настапуваше Бора Чорба (Рибља Чорба) бидејки тие опстојуваат уште од времето на Југославија, но исто така прават нови песни и публиката ги обожава и ја знае скоро секоја песна од нив.


3. ЈоуFest на плоштад „Карпошово востание“ или на „Градски плоштад“? Зошто?
Давид: Јас мислам дека JoyFest рок фестивалот е најдобро да се одржува на Градскиот плоштад во Крива Паланка бидејќи има повеќе место.


4. JoyFest само со македонски музичари или со странски? Зошто?
Давид: Јас мислам дека JoyFest рок фестивалот е најдобро да има и македонски музичари и странски музичари бидејќи ќе има и поголема атмосфера и поголема журка.


5. Што е поразличното кога си зад сцена на овој фестивал?
Давид: Кога си зад сцената ништо не е поразлично само што можеш да се фотографираш  со познатите личности и да зборуваш со нив.


6. Дали има некоја позната личност што не прифати да направите селфи?
Давид: Нема таква личност. Секоја личност прифатила да се фотографираме и да зборуваме на некоја тема.


7. Од тие познати фаци што ги имаш запознаено кој оставил посебен впечаток кај тебе и зошто?
Давид: Мислам дека Бора Чорба остави впечаток на мене, тој беше премногу љубезен и дозволи да се фотографираме повеќе пати.





8. Многу го посочуваат JoyFest со Riblja Corba како еден од најсилните - дали и ти се согласуваш?
Давид: Да, јас се согласувам со народот и навистина летото 2018-та беше најдобриот JoyFest  досега кога настапуваше Рибља Чорба.


9. Кои музичари би сакал да ги видиш на следниот JoyFest?
Давид: Па се уште немам размислувано, но има доста и македонски и странски личности што сакам да ги видам


10. Која позната личност ти е сон да ја запознаеш и да направите заедничко селфи?
Давид: И за тоа се уште немам размислувано. Како што реков во претходното прашање има многу други познати личности.




(ниту една од фотографиите во овaa објава не се направени од мене).



УШТЕ ОД БЛОЖИЌ 2019/2020:

БЛОЖИЌ #35 - Божиќ со Клаудија и Никола

БЛОЖИЌ #34 - Најстудената зима во мојот живот [втор дел]

No comments:

Post a Comment

Bottom Ad [Post Page]

| Designed by Colorlib